Две француски полицајки беа ранети во напад со нож во градот Шербуро во северозападниот дел на земјата.
Трет офицер успеа да го неутрализира со огнено оружје по што бил пренесен во болница.
Две француски полицајки беа ранети во напад со нож во градот Шербуро во северозападниот дел на земјата.
Трет офицер успеа да го неутрализира со огнено оружје по што бил пренесен во болница.
Соединетите Американски Држави, Европската Унија, Обединетото Кралство и Канада воведоа нови санкции за белоруски физички и правни лица.
„Не толерирајте омраза“, порача Ангела Меркел на прошталната церемонија во Берлин на која присуствуваа сите членови на политичката елита, освен радикалната Алтернативи за Германија која не беше поканета.
Европската агенција за лекови (ЕМА) ја оценува ковид- вакцината на француската компанија „Валнева“, неколку недели откако Европската унија потпиша договор за испорака.
По појавата на новата варијанта Омикрон во повеќе европски земји, Фон дер Лајен најави дека се согласува во рамките на Европската унија сериозно да се дебатира за задолжителната вакцинација.
Советот на европските министри и официјално треба да го одобри договорот за проширување на списокот на ЕУ со 28 функционери и субјекти во Белорусија кои се сметаат за одговорни за мигрантската криза во организацијата на Минск.
Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел го зголемува притисокот на невакцинираните во земјата. Препорачува на луѓето кои не се потполно вакцинирани против Ковид-19 да им се забрани одењето во ресторани, кина и продавници кои не се неопходни.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека вакцините за деца против Ковид-19 произведени од Фајзер/Бионтек ќе бидат достапни во Европската унија на 13 декември.
Затворањето на границите поради омикрон варијантата на коронавирусот е длабоко неправедно, казнувачко и неефикасно, изјави Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, нарекувајќи го тоа форма на апартхејд кон Африка.
Жестока реторика- САД, ЕУ и НАТО од една страна и Русија и Белорусија од друга. Генералниот секретар Столтенберг ја повтори посветеноста на организацијата да обезбеди политичка поддршка за Украина и за Грузија.