Грција го зголемува обезбедувањето на границата со Турција поради опасност од масовни мигрантски карвани од Авганистан по преземањето на власта од Талибанците. Во последните две години, Атина ја заостри политиката за ова прашање.
-
Свет 12.10.2021 12:12
-
Свет 12.10.2021 11:08
Калифорнија: Се урна мал авион врз куќи, има жртви
Две лица загинаа, а двајца се повредени при пад на мал авион врз куќи во предрадие во јужна Калифорнија.
Засега е непознато дали жртвите биле патници или биле во објектите кои беа опожарени 30 километри североисточно од центарот на Сан Диего.
-
Свет 12.10.2021 10:53
Османи: Неврзаните да не потпаѓаат под српската пропаганда
Косовската претседателка Вјоса Османи со реакција за Самитот на неврзаните во Белград. Нагласи дека Србија го злоупотребува статусот на земја-набљудувач за, како што вели, да ја искриви вистината за Косово.
-
Свет 12.10.2021 10:22
15 загинати, тројца исчезнати во поплавите во Шанси
Владата во провинцијата Шанси, северна Кина потврди 15 загинати и тројца исчезнати во поплавите предизвикани од поројните дождови. Над 120 илјади се евакуирани откако се урнаа илјадници домови. Уништени се и над 190 илјади хектари обработливо земјиште.
-
Свет 12.10.2021 09:36
Ким Јонг Ун: Ќе создадеме непобедлива војска
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун вети дека ќе создаде непобедлива војска. Во говорот на изложбата за новото вооружување на земјата, тој ги обвини САД за предизвикување тензии и нестабилност на Корејскиот Полуостров.
-
Свет 11.10.2021 12:10
Рекорден број мигранти на границата меѓу Полска и Белорусија
Рекорден број мигранти на границата меѓу Полска и Белорусија. Во саботата биле регистрани 739 луѓе, што се смета за најголем број во едно деноноќие. Повеќето се од Авганистан и Ирак.
-
Свет 11.10.2021 10:42
Талибанците тврдат дека САД ќе достават хуманитарна помош
Талибанците соопштија дека САД се согласиле да достават хуманитарна помош во Авганистан.
Преговорите во Катар, првите директни по американското повлекување на крајот на август, ги оценија како конструктивни.
-
Свет 11.10.2021 10:20
Сиднеј отворен по речиси 100 дена
Сиднеј повторно отворен по речиси четири месеци. Граѓаните прославија во пабовите и рестораните, а многумина успеаја конечно да ги посетат роднините и најблиските.
-
Свет 11.10.2021 09:38
Протести во Полска за поддршка на членството во ЕУ
Протести во Полска за поддршка на членството во Европската унија откако се зголемија тензиите меѓу Брисел и Варшава по пресудата на полскиот Уставен суд за поништување на првенството на европското право во однос на националното законодавство.
-
Свет 08.10.2021 15:53
Муратов: Нобеловата награда за мир е заслуга на сите кои загинаа за слободата на говорот
Комитетот за мир, специјално избран од Норвешкиот парламент, денеска во Осло ги објави имињата на добитниците на Нобеловата награда за мир. Овогодишните победници се новинарите Марија Реса и Дмитри Муратов за нивната храбра борба за слобода на изразување во Филипините и во Русија.










