„Владата на Авганистан падна поради спогодба меѓу администрацијата на претходниот американски претседател Доналд Трамп и Талибанците“, тврди началникот на Централната команда на американска војска, генерал Френк Меккензи.
-
Свет 30.09.2021 09:48
-
Свет 29.09.2021 14:59
Северна Кореја успешно тестираше суперсонична ракета, соседите загрижени
Северна Кореја изврши успешно тестирање на суперсонична ракета, објави официјалната Севернокорејска новинска агенција, оценувајќи дека се работи за голем технолошки напредок. Успехот на тестoт е од голема стратешка важност затоа што Пјонгјанг се обидува да ги зголеми одбранбените способности.
-
Свет 29.09.2021 13:02
„Јунајтед ерлајнс“ отпушта речиси 600 невакцинирани работници
Авиокомпанијата „Јунајтед ерлајнс“, која на почетокот на август побара од сите свои вработени во САД да бидат вакцинирани против Ковид-19, соопшти дека се подготвува да отпушти 593 лица кои не приложиле доказ дека се имунизирани.
-
Свет 29.09.2021 12:39
Северна Кореја тестираше суперсонична ракета
Северна Кореја изврши успешно тестирање на суперсонична ракета, објави официјалната Севернокорејска новинска агенција, оценувајќи дека се работи за голем технолошки напредок.
-
Свет 29.09.2021 12:17
Австралија: Се укинуваат епидемиолошките мерки, но не важат за сите
Според планот за излез од блокадата во најголемиот австралиски град, на невакцинираните лица им се скратени некои активности, а кои постепено ќе им се одобруваат на вакцинираните жители од 11 октомври до 1 декември.
-
Свет 29.09.2021 11:23
Џон Кери во посета на Европа
Американскиот специјален пратеник за климатски промени Џон Кери од денеска до 6 октомври е во официјална посета на Швајцарија, Италија и Франција.
-
Свет 29.09.2021 10:37
ОН: Путин и Ердоган да гарантираат мир во Идлиб
Во пресрет на средбата помеѓу претседателот на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, специјалниот пратеник на Обединети нации за Сирија, Геир Педерсен ги повика да помогнат за обезбедување мир во сириската провинција Идлиб.
-
Свет 28.09.2021 13:22
Недостиг на гориво во Британија, армијата на готовс
Велика Британија ја стави армијата на готовс поради недостигот на гориво во земјата. Возачи на танкери, камиони и цистерни ќе бидат обучени за да достават нафта во регионите каде што веќе четврти ден има редици пред бензинските пумпи.
-
Свет 28.09.2021 11:49
Авганистан во последен момент се откажа од обраќањето во ОН
Амбасадорот на Авганистан во ОН повлечен од листата на земји чии претставници се обраќаат на заседанието на Генералното собрание на светската организација. Според ОН, обраќањето на Авганистан било планирано за вчера, а земјата го повлекла учеството без да биде наведена причината.
-
Свет 28.09.2021 11:00
Ковид-19 трајно ќе го намали очекуваниот животен век за најмалку 10 години
Главното сценарио за развој на пандемијата со Ковид-19 е трајно намалување на очекуваниот животен век за најмалку 10 години.









