Уште еден напад со огнено оружје во САД. Најмалку 12 лица, од кои четворица со сериозни повреди се хоспитализирани откако вооружен напаѓач отвори оган во маркет во Колирвил во близината на Мемфис, во американската сојузна држава Тенеси.
-
Свет 24.09.2021 12:28
-
Свет 24.09.2021 11:46
Лидерот на каталонските сепаратисти, Пуџдемон уапсен на Сардинија
Лидерот на каталонските сепаратисти Пуџдемон е уапсен на Сардинија по шпанската потерница. Пуџдемон се очекува да се појави на суд на сослушување по што би можел да биде екстрадиран во Шпанија за да се соочи со обвиненија за бунт.
-
Свет 24.09.2021 10:48
Вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси
Најмалку едно лице загина, а 12 се повредени откако вооружен напаѓач отвори оган во супермаркет во близина на Мемфис, Тенеси.
-
Свет 24.09.2021 09:42
Бројот на заразени со Ковид-19 во светот надмина 230 милиони
Бројот на заразени со коронавирус во светот од почетокот на пандемијата надмина 230 милиони. На врвот се Соединетите Американски Држави со најголем број инфицирани со Ковид 19 – 43.405.000. Следуваат Индија, Бразил, Велика Британија, Русија, Франција, Турција, Иран и Аргентина.
-
Свет 23.09.2021 12:30
Франција ги затоплува односите со САД, но не и со Австралија
Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе го врати својот амбасадор во Соединетите држави.
-
Свет 23.09.2021 11:38
Алжир го затвора воздушниот простор за авионите од Мароко
Алжир го затвора воздушниот простор за марокански авиони. Причина е спорот меѓу соседните земји околу Западна Сахара.
Засега нема реакција од Мароко. Минатиот месец беа прекинати дипломатските врски.
Копнените граници се затворени од деведесетите години на минатиот век.
-
Свет 23.09.2021 10:52
Макрон ќе го врати во САД својот амбасадор
Францускиот претседател Емануел Макрон следната недела ќе го врати својот амбасадор во Соединетите држави. Одлуката следува откако претседателот Џо Бајден се согласил дека дипломатскиот спор ќе бил спречен доколку се консултирале со Париз пред најавата за безбедносниот пакт АУКУС.
-
Свет 23.09.2021 09:51
САД одобри трета доза вакцина за најзагрозените групи
Агенцијата за храна и лекови на САД одобри трета доза од вакцините на Фајзер/Бионтек против Ковид-19.
-
Свет 22.09.2021 15:17
Обид за убиство на советникот на Зеленски
Обид за убиство на советникот на украинскиот претседател, Сергеј Шериф. Врз неговото возило биле испукани повеќе од 10 куршуми. Тој го преживеал нападот, но неговиот возач во критична состојба е пренесен во болница.
-
Свет 22.09.2021 13:26
Делта сојот на Ковид-19 останува доминантен
„Делта-варијантата ги замени претходните соеви кои претставуваат помалку од еден процент од сите случаи на заразени“, соопшти Светската здравствена организација. Оваа мутација е присутна во 185 земји и се шири побрзо со што дополнително се зголеми заканата за глобалното здравје.









