Австрија ја врати обврската за носење маска на затворено. Одлуката следува по зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19.
На 5-ти март владата на Австрија ги укина речиси сите мерки. Обврската ќе трае до 16-ти април.
Австрија ја врати обврската за носење маска на затворено. Одлуката следува по зголемениот број на новозаразени лица со Ковид-19.
На 5-ти март владата на Австрија ги укина речиси сите мерки. Обврската ќе трае до 16-ти април.
Украинскиот лидер Володомир Зеленски повика на солидарност, еден месец од почетокот на руската инвазија која предизвика од 3,6 милиони бегалци да ја напуштат земјата.
Северна Кореја истрела неидентификувана ракета кон источното Кинеско море. Постои сомневање дека се работи за балистичка ракета со долг дострел.
Три лица беа застрелани, меѓу кои и едно мало дете во близина на забавниот округ Вестгејт во Глендејл. Полицијата соопшти дека нема осомничени на слобода.
Вонреден состанок на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади. Шефовите на држави и влади на 30-те земји членки на НАТО се состануваат денеска во Брисел за да ги координираат следните одговори на војната во Украина и руската агресија.
Веднаш откако русите пред еден месец ја почнаа инвазијата врз Украина воените стратези на НАТО, се соочија со фактот дека состојбата треба да се сфати како закана за Алијансата која не е забележана уште од периодот на Студената војна ова е и причината зошто сојузот почна со активирање на планот з
На 84-годишна возраст почина Медлин Олбрајт, првата жена државен секретар на САД.
Олбрајт беше централната фигура во администрацијата на претседателот Бил Клинтон, прво како амбасадор на САД во Обединетите нации, а потоа и како шеф на американската дипломатија.
Месец дена од почетокот на воената инвазија во Украина. Руската војска со жестоки битки, зачестени напади и гранатирања во неколку украински градови. Бруталната инвазија на Путин во Украина предизвикува смрт и секојдневно уништување, обвини генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг.
По интензивните потраги, пронајдени црните кутии на боингот 737-800 на кинеската авиокомпанија „Чајна истерн ерлајнс“ кој се урна во планинската област Гуангкси.
На фронтот – жестоки битки, илјадници раселени и стотици загинати. Во дипломатијата – интензивирани напори, заострена реторика, но и меѓусебни обвинувања и закани. Ова е епилогот на првиот месец од почетокот на руско-украинскиот конфликт.