Шведска до крајот на месецот ќе ги укине речиси сите преостанати коронамерки и ограничувања на јавни места. Најголемиот дел од возрасното население е вакцинирано, поради што Шведска постепено ги олеснуваше мерките во текот на летото.
-
Свет 08.09.2021 11:04
-
Свет 08.09.2021 09:55
Талибанците го објавија составот на новата влада
Талибанците прогласија Исламски емират во Авганистан и го објавија составот на новата привремена влада, на чие чело ќе биде Мула Хасан Акунд, близок соработник на покојниот основач на движењето, Мула Омар.
-
Свет 07.09.2021 13:34
Авганистан: Студените се вратија на факултетите, разделени со паравани
Студентите се вратија на настава на факултетите за прв пат откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Машките и женските се разделени со паравани што се протегаат низ средината на предавалната.
-
Свет 07.09.2021 11:01
Полска: Парламентот даде виза за вонредна состојба
Полскиот парламент даде зелено светло за воведување вонредна состојба во пограничниот регион со Белорусија, поради мигрантите од Блискиот Исток кои преку Белорусија доаѓаат во Полска.
-
Свет 07.09.2021 10:43
ЕУ: Да се ослободат политичките затвореници во Белорусија
Европската унија ги повика белоруските власти итно и безусловно да ги ослободат политичките затвореници во Белорусија, како и опозиционерката Марија Калесникова, која беше осудена на 11 години во затвор „за поткопување на националната безбедност“.
-
Свет 07.09.2021 09:53
Бајден во посета на Њујорк и Њу Џерси по ураганот „Ида“
Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги посети Њујорк и Њу Џерси за процена на штетите по ураганот „Ида“. Според последниот биланс, околу 50 луѓе загинале во таа област по минувањето на „Ида“.
-
Свет 07.09.2021 09:34
Канада: Отворени границите за целосно вакцинирани странци
Канадските власти ги отвораат државните граници за целосно вакцинирани странци кои сега можат и туристички да патуваат во земјата.
-
Свет 06.09.2021 13:06
Талибанците прогласија крај на војната
Талибанските сили објавија дека ја презеле контролата врз авганистанската провинција Панџшир. Тие наведоа дека последното упориште што не беше под нивна контрола е целосно преземено, дел од бунтовниците биле поразени во битка, други избегале.
-
Свет 06.09.2021 12:34
Ослободен синот на Моамер Гадафи
Либиските власти го ослободија Саади Гадафи, синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи, кој беше соборен од власт и убиен за време на бунтот во 2011 година.
-
Свет 06.09.2021 12:25
Мексико: Растеран конвојот мигранти упатен кон САД
Мексиканската полиција го растера карванот од околу 400 мигранти од Централна Америка, кои се надеваа дека ќе ја преминат границата со Соединетите Американски Држави.
Мигрантите беа главно од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити и Венецуела.










