Климатските промени го покажуваат своето вистинско лице. Последиците од нив се сѐ почести и сѐ посилни. Силните бури, невообичаено високите температури, пожарите и поплавите стануваат секојдневие.
-
Свет 06.07.2021 15:08
-
Свет 06.07.2021 13:24
Џонсон: Луѓето сами ќе бидат одговорни да се заштитат
Британскиот премиер Џонсон очекува бројот на нови случаи на коронавирус во Велика Британија да порасне до 50.000 во наредните две недели. Сепак го изнесе владиниот план за целосно отворање на земјата на 19-ти јули.
-
Свет 06.07.2021 11:52
Делта сојот се шири во Русија, но нема карантин поради изборите
Рекорден број на заразени во Русија, но властите засега не размислуваат за воведување нов национален карантин. Претседателот Путин им дозволи на локалните власти да воведат индивидуални мерки.
-
Свет 06.07.2021 10:53
Израел: 700 илјади вакцини „Фајзер“ со поминат рок за Јужна Кореја
Израел се согласи да и достави на Јужна Кореја околу 700.000 дози вакцини со поминат рок на траење, објавија израелски медиуми цитирајќи го премиерот Бенет.
-
Свет 06.07.2021 10:18
Авион исчезна над Камчатка
Руски авион АН-26 со триесетина лица исчезна од радарите на полуостровот Камчатка на крајниот исток на Русија. Авионот летал од Петропавловск кон градот Палана, а загубил контакт со контролата на летање при обид за слетување.
-
Свет 05.07.2021 13:10
Талибанците напредуваат, стотици авганистански војници бегаат преку границата
Над 300 припадници на авганистанската војска побегнаа од провинцијата Бадахшан во соседен Таџикистан по пробивот на Талибанците кои напредуваат кон границата. Засега контролираат третина од вкупно 421 округ и окружни центри во Авганистан.
-
Свет 05.07.2021 12:08
Потрага по исчезнати во свлечиштата во Јапонија
Продолжува потрагата по десетици исчезнати во свлечиштата во Јапонија. Досега загинале три лица, но властите очекуваат дека бројот на жртви ќе се зголемува.
-
Свет 05.07.2021 11:43
Целосно урната зградата во Сурфсајд
Со контролирана експлозија беше целосно урната зградата во Сурфсајд на Флорида која пред десетина дена ненадејно почна да пропаѓа при што беа усмртени десетици лица. Одлуката за уривањето до темелите на објектите беше донесена поради приближувањето на тропската бура „Елза“.
-
Свет 05.07.2021 11:03
Талибанците бараат повлекување на сите странски трупи
Талибанците во Авганистан предупредија - сите странски трупи што ќе останат по повлекувањето на НАТО во септември ќе се сметаат за окупатори.
Нагласија дека не планираат да го заземат Кабул со употреба на воена сила, но очекуваат сите страни да го почитуваат Договорот од Доха.
-
Свет 05.07.2021 09:56
На Европа ѝ се заканува нов бран поради делта- мутацијата
Француското министерство за здравство инсистира да се забрза имунизацијата на населението против Kовид-19 за да се избегне четвртиот бран на пандемијата.
Бројот на заразени се зголемува поради ширењето на делта-мутацијата која е регистрирана во повеќе земји.










