Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Украина дека е подготвен да разговара за „неутралниот статус“ на Украина,
Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина.
Коментирајќи ја изјавата на претседателот на Украина дека е подготвен да разговара за „неутралниот статус“ на Украина,
Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да испрати руска делегација во Минск на преговори со Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја критикуваше Европа што не воведе доволно остри санкции против Москва и го повика рускиот колега Владимир Путин да преговара за „да се спречат човечки жртви“, објави „Фајнешал тајмс“.
Сирени за воздушна опасност се огласуваат во Киев. Руските трупи го стегаат обрачот. Градот е под опсада. Извршени се воздушни напади врз градови и воени бази. Руските трупи се приближуваат од три страни. Изутрината е погодена станбена зграда во предградието.
Првите руски воени единици навлегоа во Киев, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Руски „саботери“ веќе бие забележани во областа Оболон на север во главниот град, објави Министерството преку Фејсбук. Информацијата се уште не е потврдена од независни извори.
Повторно сирени за воздушна опасност одекнаа утрово во Киев. Русија продолжува со ракетни напади. Но, нивните трупи се запрени во напредувањата во неколку правци-тврди украинскиот претседател Зеленски. Нападите упатени и кон цивилни цели.
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека рускиот напад врз Украина бил со предумисла. Тој истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ја отфрлил дипломатијата, а Русија започнала напад врз Украина кој не бил испровоциран од ништо.
Европскиот совет и Европската комисија заеднички со осуда за руската инвазија во Украина. Лидерите на земјите членки на ЕУ на вонреден самит. Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен со осуда за, како што рече, варварскиот напад и циничните аргументи за да се оправда тоа.
Украинските власти потврдија дека е нападнат воениот аеродром во близина на Киев. Нападот го извршуваат руските сили со хеликоптери.
Русија почна воена операција во Украина. Се слушаат експлозии во повеќе градови во земјата, се огласија сирените за опасност. Нападот почна изутрината, откако рускиот претседател Путин во телевизиско обраќање соопшти дека наредил специјална воена операција за демилитаризирација на Украина.
Од кабинетот на украинскиот претседател соопштуваат дека во првите часови на руската инвазија врз Украина загинати се повеќе од 40 украински војници и 10 цивили.