На автобуска постојка на југоистокот на Англија се пронадени тајни документи од Министерството за одбрана. Материјалот од 50 страници завршил во рацете на граѓани од Кент кој ги контактирал Би-Би-Си.
-
Свет 28.06.2021 12:03
-
Свет 28.06.2021 11:33
Австралија и Европа во опасност од нови кластери
Австралија во нова битка против ковид-кластери кои според експертите се најопасните од почетокот на пандемијата. Многу делови се затвораат и ги враќаат строгите рестрикции. Досега се целосно имунизирани само 5% од населението.
-
Свет 28.06.2021 10:19
Блинкен во посета на Ватикан
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во посета на Ватикан на средба со Папата Франциск.
Вашингтон се обидува да ги подобри односите Седиштето на Римокатоличката црква по мандатот на претходната американска администрација која спореше околу повеќе прашања со Ватикан.
-
Свет 28.06.2021 09:47
САД изврши воздушни напади врз цели на бунтовници поддржани од Иран
Американската војска изврши воздушни напади врз бунтовничките сили на границата меѓу Ирак и Сирија кои имаат поддрпшка од Иран. Пентагон нагласи дека операциите следуваат по нападите со дрон врз американскиот персонал и нивни објекти во Ирак.
-
Свет 28.06.2021 08:57
Премиерот на Луксембург позитивен на Ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ
Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел.
-
Свет 25.06.2021 12:53
Разурнувачко торнадо на југоистокот од Чешка, опустошени седум населени места
Урнати куќи, оштетени згради, уништени автомобили, хаос низ улиците, прекин на електричната мрежа. Торнадото на југоистокот од Чешка зад себе остави непроценливи штети. Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени од силниот ветер што дуваше со брзина од 322 километри на час.
-
Свет 25.06.2021 10:55
Меркел: Нема договор за самитот со Русија
Германската канцеларка Ангела Меркел потврди дека лидерите на Европската унија не постигнале договор за самитот со Русија предложен вчера од Берлин и Париз.
-
Свет 25.06.2021 09:48
Првите случаи на Ковид-19 се појавиле во Кина во октомври 2019-та
Првите случаи на Ковид-19 веројатно се појавиле во Кина меѓу почетокот на октомври и средината на ноември 2019-та година, тврдат британски научници.
-
Свет 24.06.2021 13:03
Климатските промени предизвикуваат проблеми
Пет минути до дванаесет за спас на планетата земја. Имаме ли време да ги санираме раните што забрзаната индустријализација и ги нанесе на нашата планета. Научниците одамна издадоа црвена тревога за опасност од климатските промени. Земјата забрзано ја губи ледената покривка.
-
Свет 24.06.2021 12:45
Се урна висококатница во Мајами, во тек е спасувачка операција
Се урна зграда со 11 ката во Мајами. Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека под урнатините се слушале повици за помош.










