Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е за укинување на патентите за вакцината против Ковид-19, по предлогот на САД, за да се забрза производството и дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет.
-
Свет 06.05.2021 19:26
-
Свет 06.05.2021 18:15
Русија ја регистрираше еднокомпонентната вакцина „Спутник лајт“
Еднокомпонентната вакцина против коронавирус „Спутник Лајт“ е регистрирана во Русија, а нејзината ефикасност е 79,4 проценти, што е поголема отколку кај многу вакцини со две дози, соопшти Рускиот фонд за директни инвестиции.
-
Свет 06.05.2021 16:00
Тензично во Ла Манш, британски бродови патролираат околу островот Џерси
Франција и Британија во нов спор околу правата за риболов по Брегзит. Два брода од Кралската морнарица патролираат во Ла Манш откако Париз се закани со блокада на пристаништето Сент Хелиер поради новите правила на Лондон.
-
Свет 06.05.2021 09:46
Блинкен во посета на Киев
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е во посета на Киев за да ја потврди поддршката на Вашингтон поради руската поддршка за бунтовничките борци во делови од Украина.
-
Свет 06.05.2021 09:40
Нов напад врз граѓани со азиско потекло
Две постари Азијки биле избодени на автобуска станица во Сан Франциско.
Во тек е истрага за причините за нападот. Осомничениот е уапсен.
-
Свет 06.05.2021 09:27
СЗО ќе отвора глобален центар за пандемиско разузнавање
Светската здравствена организација до крајот на годинава ќе го отвори Глобалниот центар за пандемиско и епидемиско разузнавање во Берлин.
-
Свет 05.05.2021 13:08
Рекордна смртност во светски рамки
Светската здравствена организација соопшти дека втора недела по ред смртноста од Ковид-19 бележи рекорди на глобално ниво. Во минатата недела починале над 93.000 лица, а потврдени се 5,7 милиони нови инфекции. 45 проценти од новозаразените се од Индија, и околу 25 проценти од смртните случаи.
-
Свет 05.05.2021 12:13
САД: До 4 јули вакцинирани 70 насто од возрасната популација
Американскиот претседател Бајден изјави дека до 4 јули, Денот на независноста на САД очекува барем со една доза од вакцината против Ковид-19 да бидат вакцинирани околу 70 проценти од возрасната популација.
-
Свет 05.05.2021 11:53
„Фајзер“ очекува профит од 26 милијарди долари
Американската фармацевтска групација „Фајзер“ соопшти дека во 2021 година очекува да продаде 1,6 милијарди дози од својата вакцина против Ковид-19 за околу 26 милијарди долари, што е многу повеќе од очекуваното.
-
Свет 05.05.2021 10:40
Бајден се надева на средба со Путин во јуни
Американскиот претседател Бајден изрази надеж за одржување на предложениот самит со рускиот претседател Путин за време на неговото патување во Европа во јуни.








