Канадскиот национален советодавен одбор за имунизација препорача вакцината на „АстраЗенека“ да се прекине и да не се дава на лица помлади од 55 години.
-
Свет 30.03.2021 09:47
-
Свет 29.03.2021 16:05
Вучиќ: Бараме начин дополнително да им помогнеме на Северна Македонија и на Црна Гора
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека е во секојдневен контакт и дека Србија наоѓа начини како дополнително да им помогне на Северна Македонија и Црна Гора во вакцинирањето на населението.
-
Свет 29.03.2021 14:07
Коронавирусот преминал од лилјак на човек преку друго животно
Заедничката студија на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина за потеклото на новиот коронавирус наведува дека пренесувањето на заразата од лилјаци на луѓе преку друго животно е најверојатното сценарио за појавата на пандемијата.
-
Свет 29.03.2021 11:42
Меркел побара покраините да ги засилат напорите поради сѐ поголемиот број инфекции
Германската канцеларка Ангела Меркел побара од германските сојузни покраини да ги засилат напорите поради се поголемиот број инфекции со коронавирус и ја најави можноста за воведување полициски час за да се обиде да биде под контрола третиот бран.
-
Свет 29.03.2021 10:44
Ослободен товарниот брод кој го блокираше Суецкиот Канал
Товарниот брод што го блокираше Суецкиот канал претходно оваа недела, беше ослободен од спасувачките екипи денеска. Тоа го објави на Твитер провајдерот за поморски услуги „Inchcape Shipping“.
-
Свет 29.03.2021 10:14
Во Чешка откриена нова мутација на коронавирусот
Вработени во лабораторијата „Елизабет Фармакон“ во чешкиот град Брно откриле претходно нерегистрирана мутација на коронавирусот. Ова на Твитер го објави шефот на лабораторијата, познатиот чешки епидемиолог Омар Шери.
-
Свет 26.03.2021 14:08
Жртви и материјална штета во повеќе торнада
Американската сојузна држава Алабама беше погодена од неколку моќни торнада, во кои има повеќе загинати.
Десетици се повредени, а многумина останаа без покрив над главата. Торнадо оштети згради и куќи и турна дрвја. Спасувачките екипи се на терен во потрага по евентуални жртви.
-
Свет 26.03.2021 14:00
Бродот ќе се одглавува со недели
Компанијата која се нафати да го одглавува товарниот брод кој го блокираше сообраќајот во Суецкиот канал соопшти дека за тоа ќе биде потребно многу време.
-
Свет 26.03.2021 13:57
Блинкен: Со Русија се согласуваме за некои прашања
САД препознаваат многу области во кои имаат заеднички цели со Русија и во кои можат да соработуваат, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Сепак, рече дека тоа нема да ја спречи Америка, заедно со сојузниците, да им спротивстават на „агресивните потези“ на Русија.
-
Свет 26.03.2021 11:46
Макрон: Сведоци сме на „нов вид светска војна“ заради вакцините
Европа се соочува со „нов вид светска војна“ околу вакцините, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за весникот „Ле Фигаро” на прес- конференцијата по првиот ден од виртуелниот самит на ЕУ.








