Во Велика Британија од денеска почнува да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд.
-
Свет 04.01.2021 11:12
-
Свет 04.01.2021 10:02
Новиот вид на коронавирус потврден во најмалку 37 држави
Новиот вид на коронавирусот, што прво беше откриен во Велика Британија, потврден е во најмалку 37 држави, јави Си-Ен-Ен.
Според експертите новиот вид полесно се пренесува, но нема докази дека е посмртоносен или да предизвикува потежок облик на болеста.
-
Свет 04.01.2021 09:44
Нов земјотрес во Петриња со јачина од 4,5 степени по Рихтер
Уште еден земјотрес со интензитет од 4,5 по Рихтер утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.
-
Свет 31.12.2020 14:16
Европските земји со зголемено обезбедување за новогодишната ноќ
Европските земји го зголемуваат обезбедувањето на новогодишната ноќ. Во Франција се ангажирани 100 илјади припадници на полициските и безбедносните структури кои ќе треба да интервенираат при организирани забави или непочитување на полицискиот час кој почнува во 20 часот.
-
Свет 31.12.2020 12:13
Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“
Кина ја одобри вакцината против Ковид-19 на компанијата „Синофарм“. Од Институтот за биолошки производи тврдат дека производот покажал ефикасност од речиси 80%.
До Лунарната нова година во февруари ќе бидат имунизирани 50 милиони граѓани од приоритетните категории.
-
Свет 31.12.2020 10:00
Нова сеизмичка активност во централниот дел на Хрватска
Централна Хрватска и натаму се соочува со серија земјотреси. Најсилниот во Петриња бил со магнитуда од 3,8 рихтери. Сеизмолозите предупредија дека тектонските движења ќе продолжат и во наредните недели. Населението во најпогодените области ја мина ноќта во автомобилите.
-
Свет 30.12.2020 14:33
Историски момент, Брисел го потпиша Брегзит
Лидерите на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен и Шарл Мишел го потпишаа Договорот за трговија и соработка со Велика Британија по Брегзит. Велика Британија и ЕУ на 24 декември постигнаа трговски договор.
-
Свет 30.12.2020 13:06
Не стивнува тлото во Петриња
Не стивнува тлото во Хрватска, по вчерашниот силен земјотрес од 6,2 степени по Рихтер, централните делови на земјата рано изутрината беа погодени од нови потреси со епицентар во областа петриња. Голем дел од граѓаните ја минаа ноќта во шатори под ведро небо. Велат - стравот е голем.
-
Свет 30.12.2020 11:25
Бајден: Периодот што следува ќе биде најтежок
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден изјави дека периодот што следува ќе биде најтежок во досегашната криза предизвикана од Ковид-19.
-
Свет 30.12.2020 10:15
Велика Британија одобри употреба на вакцините на Оксфорд и на АстраЗенека
Британскиот министер за здравство Мет Хенкок, рече дека вакцината на Оксфорд - АстраЗенека е одобрена за употреба. Дистрибуцијата ќе почне на 4 јануари и ќе се забрза во првите неколку недели од следната година.









