• Свет 21.12.2020 11:50

    Тимот на Бајден размислува за санкции за Русија поради хакерскиот напад

    Тимот на новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден разгледува опции за казнување на Русија поради наводната вмешаност во хакирањето на американските владини агенции и компании.

    Според извор на „Ројтерс“, во игра се финансиски санкции или кибернетички напади врз руската инфраструктура.

  • Свет 21.12.2020 11:18

    Над 140 уапсени на протестите во Минск

    Белоруската полиција уапси над 140 демонстранти во Минск кои бараат оставка од претседателот Александар Лукашенко.

    Политичката криза почна по изборите од 9 август поради резултатите од гласањето. Противниците на Лукашенко тврдат дека изборите се украдени. Во нередите имаше и жртви.

  • Свет 21.12.2020 10:37

    Продолжуваат преговорите меѓу Лондон и ЕУ

    Лондон и Брисел повторно го преминаа крајниот рок на Европскиот парламент за постигнување трговски договор по Брегзит.

    Разговорите продолжуваат со цел да се надминат разликите за клучните прашања, вклчувајќи ги и правата за риболов и висината на квотите.

  • Свет 21.12.2020 09:24

    Забрана за летови до и од Британија поради мутацијата на вирусот

    Вонредни состаноци во Брисел и во Лондон поради мутираниот вид на Ковид-19 кој станува доминантна варијанта во Англија. Откако беа откриени вакви случаи и во неколку други европски земји, дел од нив ги прекинаа воздушните линии со Обединетото Кралство.

  • Свет 18.12.2020 14:11

    Гутереш: Пандемијата го преврти животот наопаку

    Глобалните предизвици имаат потреба од глобални решенија, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Тој имаше ретка можност како негермански политичар да зборува во германскиот Бундестаг.

  • Свет 18.12.2020 10:59

    Португалија: Полициски час во новогодишната ноќ

    Во Португалија во новогодишната ноќ стапува на сила полициски час како дел од мерките за намалување на ширењето на новиот коронавирус.

  • Свет 18.12.2020 10:50

    Европските лидери се изолираа поради Макрон

    Неколку лидери на ЕУ се изолираа откако беше објавено дека францускиот претседател Емануел Макрон бил позитивен на коронавирус.

    Во карантин ќе бидат премиерот Жан Кастекс, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, како и шпанскиот премиер Педро Санчез.

  • Свет 18.12.2020 10:22

    Лајен: Има напредок, но и разлики во разговорите со Велика Британија

    Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, нагласи дека е постигнат напредок во разговорите со Велика Британија и дека преговорите продолжуваат и денеска.

  • Свет 17.12.2020 16:38

    Макрон позитивен, во изолација целиот државен врв

    Францускиот претседател Емануел Макрон е позитивен на Ковид-19. Бил тестиран по појавата на првите симптоми- соопштија од неговиот кабинет.

    Согласно националните прописи, тој ќе биде во седумдневна изолација и ќе ги извршува своите должности од далечина.

  • Свет 17.12.2020 13:37

    „Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

    Американските власти предупредија дека во првите денови од употребата на вакцината на „Фајзер“ биле забележани неочекувани проблеми. Според американското министерство за здравство, компанијата известила дека се соочила со проблем и во производствениот процес.

Pages