Тестовите покажаа 70-процентна ефикасност на вакцината на Универзитетот во Оксфорд . Висок степен на ефикасност има и кај вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ која е проценета на 95 проценти.
-
Свет 23.11.2020 10:00
-
Свет 20.11.2020 14:14
Континуиран раст на црните бројки во светот
Продолжува борбата со коронавирусот низ светот. Во Бразил речиси 36 илјади новозаболени, повеќе од 600 мртви. Во Мексико бројот на починати достигна 100 илјади. Многу земји соборуваат неславни рекорди по бројот на новоинфицирани и починати.
-
Свет 20.11.2020 11:10
Потврдена победата на Бајден во Џорџија
Новоизбраниот претседател на САД, демократот Џозеф Бајден, и официјално ја освои сојузната држава Џорџија на претседателските избори, покажа пребројувањето на гласовите.
-
Свет 20.11.2020 10:19
Почина српскиот патријарх Иринеј
Почина српскиот патријарх Иринеј како последица на коронавирусот. Тој се лекуваше во Воената болница во Белград. Патријархот на српската православна црква почина изутрина од Ковид-19, откако нагло му се влошила состојбата.
-
Свет 19.11.2020 14:16
Австралиски специјалци осомничени за 39 убиства во Авганистан
Австралиските власти соопштија дека 19 сегашни и поранешни војници ќе бидат испратени до специјален истражител поради можно кривично гонење за наводно убиство на 39 лица во Авганистан.
-
Свет 19.11.2020 10:58
Иран е подготвен повторно да ги почитува обврските од Нуклеарниот пакт
Иран е подготвен повторно да ги почитува обврските од Нуклеарниот договор доколку администрацијата на Вашингтон ги укине новите санкции против Техеран.
Американското министерство за финансии објави нови казнени мерки во енергетиката, рударството и финансиските услуги.
-
Свет 19.11.2020 10:45
СЗО: Борбата со вториот бран ќе се води без вакцина
И натаму расте бројот на заразени и починати до новиот коронавирус во светот. Од почетокот на пандемијата починале над 1,35 милиони луѓе. Повеќето земји планираат и дополнително заострување на рестрикциите особено поради претстојните божиќни и новогодишни празници.
-
Свет 18.11.2020 15:52
Италијаните работат на брз тест за ковид кој ќе може да се купи во аптека
Во северно италијанскиот регион Венето почна истражување на тестот „Направи сам“ кој ќе покаже евентуална позитивност на ковид 19-информираат италијанските медиуми. Кога ќе биде достапен во аптеките граѓаните ќе можат за 3 евра сами дома да проверат дали се позитивни на вирусот.
-
Свет 18.11.2020 13:01
Една година од првиот случај со Ковид-19
Една година од првиот случај на заразен со Ковид-19 во Вухан. Оттогаш, бројот на заразени лица во светот надмина 55 милиони, а повеќе од 1,3 милиони починаа од последиците предизвикани од коронавирусот.
-
Свет 18.11.2020 09:56
Трамп го смени шефот на Агенцијата за сајбер безбедност
Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп го смени шефот на Агенцијата за сајбер безбедност, Крис Крибс. Тој бил отпуштен наводно поради неточни најави за регуларноста на изборниот процес.










