САД почнаа да ги повлекуваат трупите од Авганистан во рамките на договорот со Талибанците за постигнување примирје во земјата.
Вашингтон се согласи за 135 дена од потпишувањето на спогодбата да го намали бројот од 12.000 на 8.600 војници.
САД почнаа да ги повлекуваат трупите од Авганистан во рамките на договорот со Талибанците за постигнување примирје во земјата.
Вашингтон се согласи за 135 дена од потпишувањето на спогодбата да го намали бројот од 12.000 на 8.600 војници.
„Отворете ги вратите, така рече претседателот Ердоган“, апелираат бегалците кои се заглавени меѓу Грција и Турција. Границата долга 200 километри ја чуваат војници кои привремено се судруваат со помали групи кои се обидуваат да преминат на грчка страна. Неколкумина се и уапсени.
Прв ден од активирањето на апсолутниот карантин во Италија поради коронавирусот откако починаа над 460 луѓе, а повеќе од 9000 се заболени. Премиерот Џузепе Конте вчера соопшти дека целата земја станува црвена зона.
Италија бележи најмногу смртни случаи од болеста Ковид-19 од која било друга земја надвор од Кина, каде што изби епидемијата од која досега починаа повеќе од 3.500 луѓе, а заразени се повеќе од 100.000 ширум светот.
Министерот за одбрана на Авганистан, Асадулах Калид изјави дека доколку членовите на Талибанското движење не ги прекинат нападите до крајот на неделава, ќе преминат од одбрана во напади врз вооружената група.
Турскиот претседател Ердоган во Брисел на средба со лидерите на ЕУ, претседателите на Европскиот совет и на Комисијата, Шарл Мишел и Урсула Фон Дер Лајен. Доаѓа по неколку вонредни состаноци на Унијата поради ескалацијата на ситуацијата на Турско- грчката граница.
Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ во Брисел едногласно ги прифати мерките од акцискиот план на Европската комисија што треба да се преземат за поддршка на Грција во справувањето со вонредната состојба на надворешните граници.
Во полициска акција на италијанската полиција биле запленети 4,5 тони марихуана, 36 килограми кокаин, 62 килограми хашиш и 4 литри масло од хашиш, чија вредност на пазарот достигнува вредност од 8 милиони евра.
По слабиот рерзултат од гласањето на т.н. Супер вторник во битката за номинацијата на демократите за претседател на САД, Мајкл Блумберг се повлече од трката.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Алијансата проценува како да ѝ помогне на Турција, која во северна Сирија има судир со сириските сили, поддржани од Русија. Столтенберг нагласи дека Алијансата постојано ја проценува ситуацијата и ѝ дава поддршка на Турција.