Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва прогласи вонредна состојба на целата територија на земјата.
-
Свет 15.03.2020 21:16
-
Свет 13.03.2020 12:50
Загуба од 78 милијарди долари за 20-те најбогати за само еден ден
Речиси 78 милијарди американски долари изгубија дваесетмината најбогати луѓе во светот, поради вчерашниот најголем пад на клучните индекси на берзата во Њујорк од октомври 1987 година, јави „Форбс“.
-
Свет 12.03.2020 08:42
СЗО прогласи пандемија од коронавирус
Изразувајќи се поголема загриженост заради растот на инфекции Светската здравствена организација денеска прогласи дека глобалната криза од коронавирус сега прерасна во пандемија.
-
Свет 11.03.2020 16:14
Прва жртва од коронавирусот во Албанија
Во Албанија регистрирана е првата жртва заразена од новиот коронавирус. 73-годишна жена од Драч починала од сериозни компликации, бидејќи боледувала и од други срцеви и белодробни болести.
Таа пред 15 дена се вратила од Италија, а била хоспитализирана на 3-ти март.
-
Свет 11.03.2020 13:36
ЕУ ги здружува силите со Грција, Турција не попушта под притиокот
Турските власти и натаму не попуштаат под притисокот од Европската унија околу мигрантскиот бран кој предизвика тензии на границата со Грција. За идната недела, официјална Анкара најавува самит во Истанбул за да се најде решение за кризата.
-
Свет 11.03.2020 12:50
Постојано расте бројот на заразени од Ковид-19
Во Босна и Херцеговина се регистрирани седум случаи на коронавирусот. Во Србија се вкупно 12, а Хрватска бележи 16 заразени.
-
Свет 11.03.2020 11:59
ООН со резолуција за поддршка за договорот меѓу САД и Талибанците
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција за поддршка на американскиот мировен договор со Талибанците во Авганистан.
-
Свет 11.03.2020 11:12
Грција: Тензично на границата со Турција
Припадниците на грчките безбедносни служби со шок бомби и солзавец се борат против бранот мигранти кои се обидуваат да стигнат во западна Европа.
-
Свет 11.03.2020 10:41
Коронавирус: Се зголемува бројот на заболени
Нови случаи на заболени од Ковид-19 и на Балканот. Во Босна и Херцеговина има седум, во Србија 12, а Хрватска регистрираше 16 заразени лица. Се воведуваат мерки за самоизолација, особено за луѓето кои доаѓаат од Италија којашто е под строг режим на ограничено движење на целата територија.
-
Свет 10.03.2020 13:45
Режим на ограничено движење во цела Италија
Прв ден по активирањето на строгиот режим за ограничено движење во Италија откако од коронавирусот починаа над 460 луѓе, а повеќе од 9.000 се заболени. Забранети се сите собири. Јавниот превоз и натаму функционира, но образовните институции остануваат под клуч до 3 април.






