Американската армија извршила „одбранбени напади“ во Ирак и Сирија против ирачката шиитска радикална група „Катаиб Хезболах“.
Нападот се случил два дена откако градежен работник од САД беше убиен во ракетен напад врз ирачка воена база.
Американската армија извршила „одбранбени напади“ во Ирак и Сирија против ирачката шиитска радикална група „Катаиб Хезболах“.
Нападот се случил два дена откако градежен работник од САД беше убиен во ракетен напад врз ирачка воена база.
Вашингтон ќе биде разочаран ако Северна Кореја тестира нуклеарна или ракета со голем дострел и ќе одговори како најголема воена и економска сила во светот, изјави советник за безбедност на Белата куќа.
Рускиот претседател Владимир Путин му заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп за „информација преку специјалните служби која помогнала да се спречат терористички акти во Русија“, соопшти Кремљ.
Авганистанските бунтовници Талибанци се согласија на привремен прекин на огнот низ целата земја, за да може да потпишат мировен договор со САД.
Вкупно 22 лица, 18 пратеници од Демократскиот фронт на Црна Гора, и уште четворица биле уапсени по инцидентите во собраниската сала во Подгорица, откако беше усвоен спорниот Закон за слобода на вероисповед. 19-мина од нив се пуштени на слобода.
Најмалку 28 лица загинаа во налетот на тајфунот „Фанфон“ на Филипините, а 12 се уште се водат како исчезнати.
„Фанфон“ ги погоди источните и централните провинции на католичкиот Божик, принудувајќи повеќе од 58.000 жители да се засолнат во центри за евакуација.
Исламски екстремисти убиле 14 припадници на безбедносните сили кои биле придружба на службеници од нигериската изборна комисија.
Турција веќе на почетокот на јануари ќе испрати војска во Либија, на барање на Триполи, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Рече дека законот за испраќање сили во Либија се очекува да биде усвоен на 8 или 9 јануари.
Казахстански авион со 98 патници се урна непосредно по полетувањето. Официјални лица потврдуваат дека најмалку 15 лица загинале во несреќата, 66 биле повредени, од кои 50 веќе се пренесени во болниците.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во тесна трка со уште еден политички ветеран на политичката сцена на Блискиот Исток, Гидеон Саар, на партиските избори на „Ликуд“.