Десетици луѓе загинаа, а повеќемина се водат како исчезнати во тајфунот „Фанфон“ што ги погоди централните делови на Филипините. Меѓу жртвите е и едно 13-годишно момче, кое загинало од струен удар.
-
Свет 26.12.2019 13:25
-
Свет 26.12.2019 12:20
Спасени 159 мигранти од Либија
Брод за спас на мигранти пристигна во Таранто откако италијанските власти му дадоа дозвола да префрли на копно 159 лица. Групата вклучува и 50 малолетници. Мигрантите кои патуваа од либиското крајбрежје беа спасени од два чамца пред четири дена.
-
Свет 26.12.2019 10:49
Иран: Блокиран пристапот до интернет
Владата во Техеран го блокираше пристапот до интернет во неколку региони ден откако на социјалните мрежи беше објавен повик за нови протести.
-
Свет 26.12.2019 10:30
Палестинска ракета прекина говор на Нетанјаху
Ракета истрелана од Појасот Газа прекина говор на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху на предизборниот собир во Ашкелон.
Засега никој не ја презеде одгворноста. Ракетата бил пресретната од воениот систем за противвоздушна одбрана.
-
Свет 25.12.2019 13:28
Верниците го слават Христовото раѓање
Со порака за безусловна љубов, поглаварот на римокатоличката црква им го честиташе денот на Христовото раѓање на верниците кои го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар.
-
Свет 25.12.2019 12:28
Турција: Парламентот сака да распореди воени сили во Либија
Турскиот парламент планира да распореди воени сили во Либија. Минатиот месец владата на Анкара потпиша договор за воена соработка со Триполи.
-
Свет 25.12.2019 11:25
120 куќи уништени во пожар во Чиле
Најмалку 120 куќи се уништени во пожар во Валпараизо, Чиле. Властите евакуираа голем дел од населението, а како превентивна мерка е запрено снабдувањето со вода и со струја.
-
Свет 25.12.2019 10:45
Трамп очекува Божикен подарок од Северна Кореја
Американскиот претседател Доналд Трамп изрази оптимизам во однос на најавениот божикен подарок од Северна Кореја.
-
Свет 25.12.2019 10:03
Џихадисти во убија 35 цивили во Буркина Фасо
Во напад на џихадистите на северот од Буркина Фасо се убиени 35 цивили, од кои повеќето жени. Во судирот со силите за безбедност, кај кои исто така има жртви, се усмртени и 80 напаѓачи.
-
Свет 24.12.2019 15:11
Австралија се бори со пожари, Јужна Калифорнија се соочува со невреме
Австралискиот премиер Скот Морисон објави дека пожарникарите доброволци од Федералниот јавен сектор ќе добијат платено отсуство затоа што со денови се борат со гаснење на пожарите што ја погодија земјата.





