• Свет 03.05.2018 14:54

    Расте бројот на жртви во песочните бури во Индија

    Стотина луѓе настрадале, а над 140 биле повредени во жестоките песочни бури што ги погодија северните индиски држави Раџастан и Утар Прадеш.

    Бурите предизвикале и прекин во снабдувањето со електрична енергија, а уништиле и повеќе куќи и добиток.

  • Свет 03.05.2018 14:39

    Ердоган формално номиниран за претседателски кандидат

    Турската владејачка партија „Правда и развој“ формално го номинираше претседателот Реџеп Тајип Ердоган за претседателски кандидат на претстојните општи избори во Турција, планирани за 24 јуни.

  • Свет 03.05.2018 12:56

    Помпео: Итен прекин на нуклеарната програма на Северна Кореја

    Новиот американски државен секретар Мајк Помпео вети беусловно затворање на севернокорејската нуклеарна програма. На церемонијата на преземањето на функцијата, некогашниот шеф на ЦИА оцени дека САД имаат одлична шанса да го сменат текот на историјата.

  • Свет 03.05.2018 12:52

    Се урна руски воен авион над Средоземното Море

    Руски воен авион СУ-30 се урна над Средоземното Море при што загинале двајца пилоти. Леталото се урнало по полетување од аеродром во базата Хмејмим во Сирија.

  • Свет 03.05.2018 10:45

    Обвинители и судии на мексиканската граница

    Белата куќа прати 35 обвинители и 18 судии за имиграциски дела на границата со Мексико поради бранот нелегални имигранти кои се обидуваат да влезат на територија на САД.

  • Свет 03.05.2018 10:08

    Етингер: ЕУ има буџетско решение во случај на проширување

    Еврокомесарот на буџет Гинтер Етингер тврди дека има решение доколку во буџетскиот период од 2021 до 2027 година дојде до влез на нови членки во Унијата.

  • Свет 26.04.2018 10:00

    Средба Ципрас- Јункер во Атина

    Преговорите меѓу Грција и нејзините доверители за финализирање на последната програма за спасување и излезот на земјата на пазарите денеска ќе бидат акцентирани на состанокот во Атина меѓу грчкиот премиер Алексис Ципрас и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, објави „Катимерини“.

  • Свет 24.04.2018 17:08

    ЕУ и ОН собираат финансиска помош за Сирија

    Европската унија и Обединетите нации на дводневна меѓународна конференција собираат финансиска помош за Сирија и политичка поддршка за преговорите за кризата. Присуствуваат учесници од над 85 земји и организации на министерско ниво, како и над 200 невладини организации.

  • Свет 24.04.2018 12:58

    Макрон во прва официјална посета на САД

    Францускиот претседател Емануел Макрон заедно со сопругата допатува во Вашингтон. Ова е негова прва официјална посета на САД на покана на претседателот Доналд Трамп. Тој е и првиот странски лидер во официјална посета на Вашингтон, откако Трамп стапи на функцијата.

  • Свет 24.04.2018 11:45

    Г-7: Русија да биде конструктивен партнер за да се заврши сириската војна

    САД ја повикаа Русија да биде конструктивен партнер за да се заврши сириската војна.

Pages