Според податоците на словенечкиот Завод за статистика, на почетокот на 2018 година, во Словенија живееле 250.000 имигранти, што е 12 отсто од вкупното население.
Со тоа, земјата се рангира на 16 место на листата на земји од ЕУ по број на странци.
Според податоците на словенечкиот Завод за статистика, на почетокот на 2018 година, во Словенија живееле 250.000 имигранти, што е 12 отсто од вкупното население.
Со тоа, земјата се рангира на 16 место на листата на земји од ЕУ по број на странци.
Турција се закани дека ќе ја затвори воената база Инџирлик, во која има американски нуклеарни боеви глави, како одговор на заканите од Вашингтон за воведување санкции за Анкара, но и поради резолуцијата на Сенатот, со која ерменскиот масакр пред еден век беше прогласен за геноцид.
По веста дека Конзервативната партија на премиерот Борис Џонсон убедливо победила на парламентарните избори, британската фунта скокна за 2 %, највисок спрема еврото од референдумот за Брегзит во 2016 година и го достигна максимумумот, во однос на конвертибилноста со доларот.
Шпанскиот производител на облека „Индитекс“ и сопственик на модниот синџир Зара ги презентирал резултатите од растот и од добивката во третото фискално тромесечие, за кое се заслужни контролата на трошоците и управувањето со резервите.
Британија ќе ја напушти Европската унија до 31-ви јануари, порача премиерот Борис Џонсон по убедливата победа на парламентарните избори во земјата.
Американскиот сенат ја одобри резолуцијата со која масовните убиства на Ерменците извршени од Османлиските турци пред повеќе од еден век ги признава за геноцид.
Европските лидери на Самитот во Брисел постигнаа договор за климатски неутрална унија до 2050 година.
Цел на разговорите на претседателите на држави и влади од ЕУ беше договорот за постигнување нулта емисии на штетни гасови во земјите од Унијата.
Британскиот премиер, Борис Џонсон, прогласи победа на својата Конзервативна партија, која освои убедливо мнозинство на парламентарните избори. Рече дека неговата влада добила силна поддршка за завршување на процесот за излез на земјата од Европската унија.
Британците одлучуваат кој ќе им ја води државата, но и кој ќе го води процесот за излез од Европската Унија.
Израел ќе ги одржи третите избори во речиси една година откако беше пропуштен крајниот рок за формирање на мнозинска коалиција. Пратениците дадоа зелено светло за распуштање на Парламентот, а изборите треба да се одржат на 2 март.