• Свет 20.02.2018 13:29

    Во Авганистан убиени девет полицајци

    Авганистанските бунтовници убиле девет полицајци во напади извршени врз контролни пунктови во провинцијата Фарах во текот на изминатата ноќ.

    Според портпаролот на гувернерот на Фарах, во престрелките биле убиени и 13 бунтовници.

  • Свет 20.02.2018 13:18

    Ердоган: Почнува опсада на Африн

    Турскиот претседател Ердоган рече дека очекува сирискиот град Африн за неколку дена да биде под опсада.

  • Свет 20.02.2018 11:38

    Калифорнија: Евакуација поради пожар

    Поради шумскиот пожар во одредени делови на централна Калифорнија, властите наложија задолжителна евакуација на населението.

    Огнената стихија уништи 11 квадратни километри во градот Бишоп, на источните падини на Сиера Невада, а во опасност се уште стотина објекти.

  • Свет 20.02.2018 11:19

    Трамп поддржува построги проверки за оружје

    Поради зачестените вооружени инциденти во училиштатата во САД, претседателот Доналд Трамп бара построга проверка на податоците на купувачите на оружје.

  • Свет 20.02.2018 10:25

    Зголемени тензии меѓу Либан и Израел

    „Либанската војска ќе ги искористи сите средства за соочување со потенцијалната израелска агресија“, соопшти официјален Бејрут, дополнувајќи-нивниот непријател го прекршува либанскиот суверентитет и правото на економски развој. 

  • Свет 19.02.2018 13:48

    Лавров: САД да не си играат со оган во Сирија

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги повика Соединетите Американски Држави да не си играат со оган во Сирија и да прават одмерени чекори во врска со сирискиот народ и регионот.

  • Свет 19.02.2018 12:50

    Вандализирана Полската амбасада во Израел

    Свастики и навредливи пораки на влезот на полската амбасада во Израел по изјавата на премиерот на Полска во која ги споменува и Евреите како учесници во Холокаусот.

  • Свет 19.02.2018 12:12

    Заложничка драма во затвор во Бразил

    Тројца затвореници беа ранети во нередите кои се случија во затвор во Рио.

  • Свет 19.02.2018 10:56

    Активиран вулканот Синабунг

    Поради ерупцијата на вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра и пепелта којашто се исфрла и до височина од 5 километри беше издадено предупредување за авиокомпаниите.

  • Свет 19.02.2018 10:25

    Исламска држава презеде одговорност за нападот во Дагестан

    Екстремистичката група Исламска држава (ИД) ја презеде одговорноста за престрелката во Дагестан во која загинаа пет лица за време на миса во црква.

    22-годишен локален жител отворил оган во храмот, а повредил и петмина полицајци и припадници на Националната гарда.

Pages