Русија бара седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Источна Гута, каде што сириските провладини сили ги бомбардираат бунтовниците, кои се под опсада.
-
Свет 22.02.2018 11:28
-
Свет 22.02.2018 10:29
Инцидент пред Амбасадата на САД во Подгорица
Непознато лице фрли експлозивна направа врз Амбасадата на САД во Подгорица, а потоа се самоуби со бомба.
Дипломатското претставништво е уништено, а по инцидентот Aмбасадата на својата интернет-страница ги предупреди граѓаните да го избегнуваат реонот.
-
Свет 21.02.2018 15:12
САД: Фатални несреќи поради снежно невреме
Невреме проследено со замрзнат дожд и снег погоди голем дел од Соединетите Американски Држави. На патиштата се регистрирани стотици сообраќајни несреќи во кои има и жртви.
-
Свет 21.02.2018 12:50
Војната во Сирија го менува правецот, главниот фронт се префрли во Источна Гута
Наместо да запре, седумгодишната војна во Сирија го менува правецот. Од Алепо и Идлиб, главниот фронт се префрли во Источна Гута каде што во последните 48 часа загинаа 250 луѓе во бомбардирањата на сириските владини сили.
-
Свет 21.02.2018 11:59
ОН: Преговори за светски договор за миграции
Државите членки на ОН, со исклучок на САД, почнуваат преговори за постигнување светски договор за миграции.
-
Свет 21.02.2018 11:56
Источна Гута: Над 100 убиени цивили во 48 часа
Најмалку 106 цивили загинаа во последните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, контролирана од бунтовниците, со што купниот број на загинати во изминативе 48 часа достигна 250 лица.
-
Свет 21.02.2018 11:05
Сергеј Лавров во посета на Словенија и Србија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е во посета на Словенија и Србија. Во Љубљана ќе потпише меморандум за основање Меѓународен центар на Втората светска војна.
-
Свет 21.02.2018 10:36
Трамп бара забрана на модифицирање на огнено оружје
Американскиот претседател Доналд Трамп презел чекори за донесување прописи со кои ќе се оневозможи модификација на огненото оружје во автоматско, како што тоа го направи напаѓачот во Лас Вегас, кој лани уби 58 луѓе.
-
Свет 20.02.2018 17:06
ИД сака да ја преземе трговијата со хероин во Авганистан
Разузнавачките служби на Заедницата на независни држави веруваат дека терористичката група Исламска држава ќе се обиде да ја преземе трговијата со хероин во Авганистан.
-
Свет 20.02.2018 14:05
Уапсени странски државјани во Србија
Српската Воена полиција уапси група странски државјани, вклучувајќи и двајца Американци и две Украинки кои со дрон се обиделе да ја снимаат зградата на поранешниот генералштаб. Двете Украинки се веќе пуштени од притвор и против нив не е покрената кривична пријава.










