• Свет 12.02.2018 14:52

    Штрајк на полицијците во Словенија

    Полицајците и други вработени во Министерството за внатрешни работи на Словенија почнаа штрајк, со барање за зголемување на платите за околу 15 насто, што е прв во бранот штрајкови во јавниот сектор најавени за оваа недела.

  • Свет 12.02.2018 14:12

    Пронајдена црната кутија на рускиот авион што се урна вчера

    Спасувачките екипи ја пронајдоа црната кутија на авионот АН-148, кој се урна во област југоисточно од Москва. Руските власти соопштија дека меѓудржавниот воздухополовен комитет работи на потврдување и идентификација на уредот.

  • Свет 12.02.2018 12:57

    Средба Китаровиќ- Вучиќ за војната во СФРЈ, малцинствата, границата и економијата

    Силно полициско обезбедување во Загреб за српскиот претседател Вучиќ кој се сретна со хрватската колешка Колинда Грабар Китаровиќ. Чувствителните прашања од распадот на поранешна Југославија и војната во 90-тите години на минатиот век се доминантна тема на разговорите.

  • Свет 12.02.2018 12:21

    Тилерсон во посета на арапските земји поради Ерусалим

    Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон е во посета на Египет на почетокот на дипломатската турнеја на која ќе помине пет држави во период на зголемени тензии на Блискиот исток.

  • Свет 12.02.2018 10:55

    Белата куќа сака да ја приватизира Меѓународната вселенска станица

    Според „Вашингтон пост“, Белата куќа планира да ја претвори Меѓународната вселенска станица во некој вид недвижен имот во орбитата, со кој нема да управува државата, туку приватната индустрија.

  • Свет 12.02.2018 10:31

    Српскиот претседател Александар Вучиќ во официјална посета на Хрватска

    Под силно полициско обезбедување, српскиот претседател Александар Вучиќ престојува во дводневна официјална посета на Загреб, на покана на неговата хрватска колешка Колинда Грабар Китаровиќ.

  • Свет 07.02.2018 13:29

    Лансирана најмоќната ракета во историјата

    Ракетата „Фалкон Хеви“ е успешно лансирана од вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида. Овозможува носење исклучително тежок товар, а потенцијално и човечки екипаж на месечината и на Марс. Ракетата е во сопственост на приватната компанија „Спејс Икс“ на милијардерот Илон Маск.

  • Свет 07.02.2018 13:07

    Расте бројот на жртви во земјотресот во Тајван

    Спасувачките екипи со помош од војската трагаат по стотици исчезнати по земјотресот од 6,4 рихтери на Тајван. Засега се потврдени неколку смртни случаи во туристичкото место Хуалин на источниот брег. Над двесте луѓе се хоспитализирани. 800 лица се евакуирани поради последователните потреси.

  • Свет 07.02.2018 11:51

    Германија: Постигнат договор за коалициска влада

    Централно- левичарските Социјалдемократи на Германија постигнаа договор за коалициска влада со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.

  • Свет 07.02.2018 11:25

    Асанж и натаму под заштита на Еквадор

    Еквадорските власти ќе продолжат да го заштитуваат основачот на веб-страницата „Викиликс“. Од Министерството за надворешни работи нагласија дека Владата ќе продолжи да обезбедува меѓународна заштита на граѓанинот Џулијан Асанж сѐ додека веќе нема да има закана по неговиот живот.

Pages