Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума поднесе оставка поради притисокот од сопартијците и обвинувањата за корупција.
-
Свет 15.02.2018 10:40
-
Свет 15.02.2018 10:15
Масакр во училиште во Флорида
Масакр во гимназија во Флорида, 17 луѓе се убиени од средношколец кој бил исфрлен од училиштето во Паркленд, поради недисциплина. Со автоматска пушка, 19- годишниот Николас Круз усмрти 12 лица во објектот, меѓу кои и соученици, а потоа уште неколкумина настрадаа и пред училиштето.
-
Свет 14.02.2018 16:37
Пукотница пред седиштето на НСА во Мериленд
Вооружен напаѓач отворил оган пред седиштето на американската Агенција за национална безбедност при што најмалку три лица биле ранети. БИ-БИ-СИ јавува дека едно лице е уапсено и дека ситуацијата е под контрола.
-
Свет 14.02.2018 15:28
Ципрас и Јилдирим разговарале за кризата на Егејот
Премиерите на Грција и на Турција, Алексис Ципрас и Бинали Јилдирим телефонски разговарале за грчко- турската криза на Егејот, околу малите ненаселени острови каде што почнаа да се собираат бродови на крајбрежната стража на двете земји.
-
Свет 14.02.2018 13:49
Турција: Антитерористичка операција вo Дијарбекир
Властите во југоисточниот турски округ Дијарбекир воведоа полициски час во 176 реони, поради спроведување масовна антитерористичка операција.
-
Свет 14.02.2018 12:47
Шулц поднесе оставка од СПД
Лидерот на германските социјалдемократи Мартин Шулц поднесе оставка. Причината лежи во незадоволството на дел од сопартијците со постигнатиот договор со демохристијаните за широката коалициска влада.
-
Свет 14.02.2018 12:19
Закана од нови кибернетички напади
Директорот на националното разузнавање Ден Коатс предупреди постои опасност од нови кибернетички напади.
„Хакерските групи употребуваат технологија која влијае врз поважните активности така што ова прашање треба да биде меѓу врвните приоритети“, додаде Коатс.
-
Свет 14.02.2018 11:54
Нетанјаху ги негира обвинувањата од полицијата
Според израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, препораките на полицијата да биде обвинет за корупција нема да резултираат со ништо. Ја обвини полицијата дека спроведува „лов на вештерки“ против него и најави дека ќе остане на функцијата.
-
Свет 14.02.2018 11:13
Холандија: Владата го преживеа гласањето за недоверба
Холандскиот Парламент ѝ изгласа доверба на Владата на премиерот Марк Руте откако шефот на дипломатијата Халбе Зејлстра поднесе оставка на функцијата поради изречени невистини во врска со рускиот претседател Владимир Путин и план за формирање Голема Русија.
-
Свет 14.02.2018 10:39
Лидерот на СПД, Мартин Шулц поднесе оставка
Претседателот на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) Мартин Шулц поднесе оставка, а негов наследник ќе се избира во април на вонреден партиски конгрес.
Дотогаш, вршител на должноста ќе биде градоначалникот на Хамбург, Олаф Шолц.










