Соединетите Американски Држави ја обвинија Русија за ланскиот кибернетички напад наречен „НотПетја“, кој во јуни ги оштети компјутерите на владата и на водечките фирми во Украина пред да се прошири низ други делови од светот.
-
Свет 16.02.2018 13:52
-
Свет 16.02.2018 12:45
САД против размена на територии меѓу Србија и Косово
Американската амбасада во Приштина е против размена на територии меѓу Косово и Србија бидејќи може да предизвика нови проблеми.
-
Свет 16.02.2018 12:34
Напади на грчки хакери врз турски банки
Грчка хакерска група извршила кибернетички напади врз најголемите турски банки и врз една консултантска компанија од сферата на одбраната.
-
Свет 16.02.2018 12:05
Демократите бараат над милијарда долари за кибер безбедност на изборите
Демократите во американскиот Конгрес поднесоа предлог- закон со кој се предвидува сума повисока од милијарда долари за подобрување на кибернетичката заштита на американскиот изборен систем.
Специјалните служби претходно најавија дека е голема веројатноста Русија повторно да се вмеша.
-
Свет 16.02.2018 11:21
Тридневна безбедносна конференција во Минхен
Од денеска до недела, над 30 шефови на држави и влади и над 100 министри од целиот свет ќе разменуваат идеи за најголемите сигурносни предизвици на Минхенската безбедносна конференција.
-
Свет 16.02.2018 10:29
Тилерсон во посета на Турција
Според Стејт департментот, на средбата меѓу турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон биле разгледани начини за подобрување на билатералните односи.
-
Свет 15.02.2018 16:32
Јужноафриканската Република ќе добие нов претседател
Претседателот на Јужноафриканската Република, Џејкоб Зума си поднесе оставка под притисок од неговата партија, Африканскиот Национален Конгрес.
-
Свет 15.02.2018 15:36
Кобен „Валентин“ во Флорида
Дваесетина луѓе се убиени во средно училиште во Паркленд, Флорида откако поранешен ученик, кој бил отпишан од школото поради дисциплински прекрошоци, отворил оган кон пристуните. Со полуавтоматска пушка АР-15, 19-годишниот Николас Круз, усмрти 12 лица во објектот, меѓу кои има и ученици.
-
Свет 15.02.2018 15:21
Матис: САД и Турција имаат отворен дијалог за Сирија
Американскиот секретар за одбрана Џејмс Матис, изјави дека САД и Турција отвориле дијалог за разликите во однос на Сирија.
Рече дека НАТО и САД ја поддржуваат Турција во однос на безбедноста на границата со Сирија и борбата против Курдските сепаратисти во земјата.
-
Свет 15.02.2018 14:05
Самарас: Тужба против Ципрас за случајот „Новартис“
Поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, поднесе тужба против актуелниот претседател на Владата на Грција, Алексис Ципрас, поради вмешаноста на неговото име во случајот со фармацевтската компанија „Новартис“.










