• Свет 28.02.2018 12:03

    Кушнер нема пристап до строго доверливи информации

    Џаред Кушнер, зетот и близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп, веќе нема пристап до доверливи информации од највисокото ниво означени под графата „Строго доверливо“.

  • Свет 28.02.2018 11:25

    Убиениот Кучијак открил „словачка врска“ со италијанската мафија

    Пред да биде убиен, словачкиот истражувачки новинар работел на приказна за поврзаноста меѓу политичарите и италијанската мафија.

    Словачката полиција ги истражува можните странски врски на новинарот Јан Кучијак и е во контакт со безбедносните служби на Чешка и Италија.

  • Свет 28.02.2018 10:46

    Неуспешен прекин на огнот во Источна Гута

    Неуспешен петчасовен прекин на огнот во Источна Гута, контролирана од бунтовниците. Стопирањето на воените дејствија беше спроведено по наредба од Русија, со цел да се испорача хуманитарна помош и да се евакуираат цивилите и повредените.

  • Свет 27.02.2018 14:55

    Словачките власти го бараат убиецот на новинарот

    Словачки истражувачки новинар беше смртно застрелан во семејниот дом. Полицијата ги нашла безживотните тела на 27-годишниот Јан Кучијак и неговата свршеница во Велка Маца, источно од Братислава. Истражувал и пишувал за затајување данок.

  • Свет 27.02.2018 14:38

    Сирија: Петчасовно примирје во Источна Гута

    Петчасовно примирје во Источна Гута каде што владините сили вршат напади врз бунтовничките упоришта.

    Сојузникот на сириската влада побара пауза за да им се дозволи безбеден излез на цивилите од завојуваните зони. Доставата на хуманитарни пратки е попречена.

  • Свет 27.02.2018 12:50

    Убиен истражувачки новинар во Словачка, ЕУ побара темелна истрага

    Словачки истражувачки новинар беше смртно застрелан во семејниот дом. Полицијата ги нашла безживотните тела на 27-годишниот Јан Кучијак и неговата свршеница во Велка Маца, источно од Братислава. Истражувал и пишувал за затајување данок.

  • Свет 27.02.2018 11:10

    Канада ќе прими околу милион мигранти до 2020-та година

    Либералните власти во Канада планираат да примат околу милион мигранти до 2020-та година.

    За реализација на миграцискиот план на иницијатива на Владата на премиерот Џастин Трудо ќе бидат потребни околу 440 милиони канадски долари.

  • Свет 27.02.2018 10:55

    Русија стави вето за нацрт- резоулцијата за Иран

    Русија за прв пат стави вето на нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН за да го заштити Иран кој е обвинет за непочитување на ембаргото за оружје коешто Организацијата го воведе во Јемен.

  • Свет 27.02.2018 10:38

    Жртви во силниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

    Десетици лица загинаа, а над 300 се повредени во земјотресот од 7,6 рихтери во централниот дел на Папуа Нова Гвинеја.

  • Свет 26.02.2018 15:47

    Вашингтон: Деактивирањето на спорната нуклеарна програма е приоритет

    Официјален Вашингтон ја поздрави подготвеноста на Северна Кореја за дијалог со САД. По затворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, претставници на Северна Кореја на средба со јужнокорејскиот претседател Мун Џе-ин покажале волја за дијалог со Вашингтон.

Pages