Врховниот суд денеска соопшти дека Британскиот Парламент мора да гласа дали владата да го почне процесот за Брегзит. Тоа значи дека премиерката Меј не може да почне разговори со Европската унија сѐ додека членовите на Парламентот не ѝ дадат дозвола.
-
Свет 24.01.2017 12:41
-
Свет 24.01.2017 12:18
Пожари во Чиле
Пожари зафатиле околу 130.000 хектари шума во Чиле, а состојбата дополнително ја усложнува силниот ветар.
-
Свет 24.01.2017 11:55
Лидерот на Хамас во посета на Египет
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија пристигна во Египет на средби со официјални лица од сферата на безбедноста.
-
Свет 24.01.2017 11:12
Јапонија: Армијата повикана на помош при извлекување завеани возила
Јапонска војници беа повикани на помош за околу 280 автомобили блокирани од снежни наноси во зпадниот дел од Јапонија. Според јапонски медиуми, возилата се завеани во префектурата Тотори. Две лица се хоспитализирани.
-
Свет 24.01.2017 10:51
„Индепендент“: Можен нацрт-закон за Брегзит до крајот на неделата
Британски „Индепендент“ пишува дека е можно премиерката Тереза Меј до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата за излегување на државата од Европската унија.
-
Свет 24.01.2017 10:24
Поддршка од Сенатот за Тилерсон
Американскиот Сенат го поддржа изборот на Рекс Тилерсон, за нов државен секретар, но со тесно мнозинство од само еден глас.
Поддршката ја обезбеди републиканскиот сенатор Марко Рубио, а против беа сите сенатори од Демократската партија.
-
Свет 24.01.2017 10:00
Невреме во јужниот дел на Италија, едно лице го загуби животот
67-годишен маж загина во поплавите во Палермо, Сицилија, откако водата го повлекла неговиот автомобил. Трите лица кои патувале со него ги спасиле противпожарните екипи на терен.
-
Свет 23.01.2017 14:32
Густа магла во Лондон, откажани сто летови
Поради густата магла во Лондон биле откажани околу сто летови на аеродромот Хитроу. Густата магла меѓудругото предизвика и загриженост во врска со квалитетот на воздухот во Лондон.
-
Свет 23.01.2017 14:28
Непозната дрога заплената на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул
На истанбулскиот аеродром „Ататурк“ во Турција полицијата запленила досега непозната дрога. Аеродромските власти соопштија дека само еден килограм од овој наркотик во вид на прав, бил доволен за да се произведат 900 килограми синтетичка дрога.
-
Свет 23.01.2017 12:37
Нова рунда преговори за Сирија во Астана
Сирискиот конфликт повторно ги собра светските лидери на иста маса. Овој пат мировната конференција се одржува во казахстанската престолнина Астана како дел од декемврискиот договор меѓу Русија и Турција.










