Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји побара од сите страни да не креваат тензии на Корејскиот Полуостров. Кина јасно ги осуди последното Севернокорејско ракетно тестирање.
-
Свет 03.08.2017 11:58
-
Свет 03.08.2017 10:31
Лондон: Четворица осудени за планирање терористички напади
Четиричлена банда британски муслимани, кои себе си се нарекуваат „Мускетари“, се осудени од кривичниот суд во Лондон за подготвување терористички напади. Во текот на судењето, тие ги отфрлиле обвинувањата за тероризам, тврдејќи дека доказите им биле „подметнати“ од полицијата.
-
Свет 03.08.2017 10:29
Медведев: Новите санкции ги поткопаа надежите за подобри односи со САД
Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека законот што го потпиша американскиот претседател Доналд Трамп, со кој се воведуваат нови санкции кон Русија, им ставил крај на надежите за подобрување на односите меѓу двете земји.
-
Свет 01.08.2017 14:48
Пукање во суд во Москва, има повредени
Руската агенција РИА Новости пренесе дека одекнале истрели во Регионалниот суд во Москва, при што има и повредени луѓе. Адвокатка во судот изјавила дека слушнала истрели и дека повредени биле вработени во судот. Според нејзините зборови одекнале најмалку 20 истрели.
-
Свет 01.08.2017 12:56
Уапсени опозициските лидери во Венецуела
Разузнавачката служба на Венецуела ги уапсила Леополдо Лопес и Антонио Ледесма, двајца опозициски лидери, кои веќе се наоѓале во домашен притвор. Членовите на нивните семејства изјавиле дека не знаат каде се наоѓаат тие, како и дека зад тоа стои претседателот Николас Мадуро.
-
Свет 01.08.2017 11:32
Колумбија: Почна преместувањето на оружјето на бунтовниците
ОН почнаа со преместување на контејнерите со над 7.000 парчиња оружје од зоните за демобилизација, каде што биле предадени од поранешните борци на најголемата бунтовничка организација во Колумбија.
-
Свет 01.08.2017 11:13
Земјотрес од 5,3 степени според Рихтер во близина на Крит
Земјотрес со сила од 5,3 степени според Рихтеровата скала денеска бил регистриран во Средоземно Море, крај брегот на грчкиот остров Крит.
Епицентарот бил на околу 43 километри од јужното крајбрежје на Крит, на длабочина од 16 километри.
-
Свет 01.08.2017 10:35
Џонсон: Венецуела е на раб од катастрофа
Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека Венецуела се наоѓа на „раб на катастрoфа“ откако претседателот Мадуро доби поголеми овластувања.
Џонсон рече дека владата на Мадуро мора да се запре пред да биде доцна.
-
Свет 01.08.2017 09:53
Мадуро: Не ме плашат санкциите од САД
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави, дека и покрај американските санкции тој не планира да се откаже од плановите за Уставотворното собрание и од борбата против непријателите.
-
Свет 31.07.2017 16:29
Бомбашки напад пред амбасадата на Ирак во Кабул
Автомобил- бомба експлодирал пред амбасадата на Ирак во главниот град на Авганистан, Кабул. Според нив, покрај бомбашот самоубиец имало уште двајца напаѓачи кои се обиделе да влезат во амбасадата на Ирак, но биле спречени.










