Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги смени мерките за бегалците и мигрантите, вклучувајќи и привремена забрана за нивен влез и за издавање на американски визи за граѓани од Сирија, Ирак, Иран и други муслимански земји.
-
Свет 25.01.2017 10:26
-
Свет 24.01.2017 16:06
Оскари 2017: Фаворит „Ла Ла Ленд“ со 14 номинации
Американската академија за филм и наука ги објави номинираните филмови за наградата „Оскар“, во театарот „Семјуел Голдвин“ во Лос Анџелес. 89-тото свечено доделување ќе се одржи на 26-ти февруари во театарот „Долби“ во Холивуд.
-
Свет 24.01.2017 15:23
Новите мировни преговори за Сирија се тензични, но и надежни
Сириската опозиција нагласи дека нема да го потпише завршниот документ на мировната конференција за Сирија во Астана. Индиректните преговори меѓу владините сили и бунтовничките групи се фокусирани на зацврстување на прекинот на огнот.
-
Свет 24.01.2017 13:09
Извлечени се шест тела од хотелот во Абруцо
Шест тела се извлечени од урнатитните на хотелот „Ригопјано“ во централна Италија кој беше затрупан од лавина предизвикана од серија земјотреси. Засега се потврдени 12 смртни случаи, а 17 лица се водат за исчезнати.
-
Свет 24.01.2017 12:41
Врховен суд: Парламентот мора да гласа за Брегзит
Врховниот суд денеска соопшти дека Британскиот Парламент мора да гласа дали владата да го почне процесот за Брегзит. Тоа значи дека премиерката Меј не може да почне разговори со Европската унија сѐ додека членовите на Парламентот не ѝ дадат дозвола.
-
Свет 24.01.2017 12:18
Пожари во Чиле
Пожари зафатиле околу 130.000 хектари шума во Чиле, а состојбата дополнително ја усложнува силниот ветар.
-
Свет 24.01.2017 11:55
Лидерот на Хамас во посета на Египет
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија пристигна во Египет на средби со официјални лица од сферата на безбедноста.
-
Свет 24.01.2017 11:12
Јапонија: Армијата повикана на помош при извлекување завеани возила
Јапонска војници беа повикани на помош за околу 280 автомобили блокирани од снежни наноси во зпадниот дел од Јапонија. Според јапонски медиуми, возилата се завеани во префектурата Тотори. Две лица се хоспитализирани.
-
Свет 24.01.2017 10:51
„Индепендент“: Можен нацрт-закон за Брегзит до крајот на неделата
Британски „Индепендент“ пишува дека е можно премиерката Тереза Меј до крајот на неделата да претстави нацрт-закон со кој ќе се активира процедурата за излегување на државата од Европската унија.
-
Свет 24.01.2017 10:24
Поддршка од Сенатот за Тилерсон
Американскиот Сенат го поддржа изборот на Рекс Тилерсон, за нов државен секретар, но со тесно мнозинство од само еден глас.
Поддршката ја обезбеди републиканскиот сенатор Марко Рубио, а против беа сите сенатори од Демократската партија.









