Белгиски земјоделци од сите краеви на земјата пристигнуваат со трактори во Брисел. Пред средбата на европските министри, пред институциите за поправедни цени за нивните производи.
-
Свет 07.09.2015 13:49
-
Свет 07.09.2015 13:30
Франција влегува во броба против ИД
Франција влегува во борбата против Исламска Држава. Претседателот Оланд нареди да почнат подготовките за воздушни напади врз нивните упоришта.
Разузнавачките летови ќе почнат уште утре, по што ќе услетат напади на групи авиони. Исклучена е можноста за праќање копнени трупи.
-
Свет 07.09.2015 11:33
Курдски милитанти убиле 16 турски војници
Курдски милитанти убиле 16 турски војници во напад врз конвој оклопни возила на југоистокот од земјата. Ова е најголем број на загинати од прекинот на примирјето договорено во јули.
-
Свет 07.09.2015 11:21
Орбан: Унгарија нема да пука во мигрантите кои ќе ја преминат оградата
Унгарија не планира да пука во мигрантите кои ќе се обидат да ја преминат оградата на границата со Србија, но ќе бидат спречени. Ова го изјави унгарскиот премиер Орбан, додавајќи дека Будимпешта е отворена за разговори за европските бегалски квоти.
-
Свет 07.09.2015 09:11
15 лица загинаа во автобуска несреќа во Бразил
Најмалку 15 лица загинаа, а 50 се повредени во автобуската несреќа која се случи вчера во бразилскиот туристички град Парати, на 250 километри јужно од Рио де Жанеиро. -
Свет 05.09.2015 11:03
Меркел: Германија може да се избори со бегалскиот бран
Германија може да се избори со рекордниот прилив на бегалци и мигранти оваа година без да го зголеми данокот и да ја загрози својата цел, а тоа е избалансиран буџет, изјави германската канцеларка Ангела Меркел. -
Свет 03.09.2015 17:27
Пожари околу Киев, затворени училишта
Градските власти во Киев ја откажаа наставата во училиштата поради големата жештина која во околината на главниот град предизвика и пожари. Украинската престолнина од изутрината е обвиена со црн чад од поажрите кои зафатија област околу градот.
-
Свет 03.09.2015 15:10
Јапонија: Почна контроверзниот лов на делфини
Првиот контроверзен лов на делфини годинава почна во Јапонија кога роболовците испловиле и покрај протестите со кои луѓето ги повикувале да се откажат.
-
Свет 03.09.2015 14:59
Илјадници трактори од Франција се упатија кон Брисел
Француските селани со трактори се упатија кон Париз за да протестираат против падот на цените и високите даноци. Повеќе од илјада фармери од околните места уште рано изутрината се упатиле кон главниот град.
-
Свет 03.09.2015 13:10
Мигранти: Хаос и турканици на железничката во Будимпешта
Хаос и турканици на меѓународната станица во Будимпешта, откако властите донесоа одлука повторно да ја отворат вратата за неколку илјади мигранти кои неколку дена се на плоштадот. Луѓето во паника влегуваат во возовите, некои се обидуваат да дојдат до место и преку прозорците.










