• Свет 10.09.2015 10:52

    Пожар и експлозии на опасни хемикалии во Феникс

    Голем пожар во индустриската  зграда со опасни хемикалии во Феникс, во американската сојузна држава Аризона.

    Пожарот предизвикал екплозии, при што буриња полни со катран летале во воздух, а црн чад се забележувал на неколку километри од местото на инцидентот.

  • Свет 10.09.2015 10:49

    Ново киднапирање на Исламска држава

    Екстремистите од ИД во Сирија држат во заложништво еден норвежанец и еден кинез и бараат откуп за нивното ослободување.

  • Свет 10.09.2015 10:41

    Унгарската војска почна подготвителни вежби на јужната граница

    Војската на Унгарија почна подготвителни вежби доколку треба да интервенира на јужната граница. Владата најави дека ќе испрати војници на унгарско-српската граница за да им помогнат на полицијата во справување со бранот бегалци.

  • Свет 09.09.2015 17:10

    ЕУ подготви план за справување со бегалската криза

    Дали конечно европските земји дојдоа до решение за бегалската криза? Претседателот на Европската Комисија, Јункер ги повика членките без одложување да го прифатат сеопфатниот план за распоредување на 120.000 бегалци.

  • Свет 09.09.2015 16:34

    Австралија и Латинска Америка подготвени да прифатат бегалци

    Повеќе земји на Латинска Америка се подготвени да примат мигранти кои бегаат поради судирите на Блискиот Исток. И Австралија е подготвена да прими 12.000 бегалци.

  • Свет 09.09.2015 15:16

    Меркел бара квоти за бегалците без горна граница

    Германската канцеларка Ангела Меркел побара од ЕУ да се потпише договор за пропорционална распределба на бегалците без ограничување на нивниот број. Со ова таа отиде многу подалеку отколку планот на Европската комисија.

  • Свет 09.09.2015 14:04

    На мигрантите пукале со огнено оружје блиску до брегот на Грција

    Во очекување политиката да ја реши нивната судбина, илјадници бегалци секојдневно се среќаваат со се подраматични ситуации. На еден чамец пренатрупан со бегалци, блиску до брегот на Грција е пукано од огнено оружје.

  • Свет 09.09.2015 12:42

    Јункер: Време е за акција

    Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер денеска ги повика земјите членки на Европската унија без одложување да го прифатат сеопфатниот план за распоредување бегалци од подрајчето на Блискиот Исток и од Африка.

  • Свет 09.09.2015 11:59

    Експлозија во фабрика за оружје во Чешка

    Најмалку две лица се повредени во експлозија на барут во една фабрика за оружје,  источно од Прага.  Портпаролката на противпожарната служба Вендула Харкова изјавила дека пожарот предизвикан од експлозија на 365 тони барут е ставен под контрола, пренесува Танјуг.

  • Свет 09.09.2015 11:22

    Австралија ќе се вклучи во нападите врз ИД во Сирија

    Австралиското воено воздухопловство ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на исламска држава во сирија. Австралискиот премиер Абот нагласи дека владата решила позитивно да одговори на молбата на САД за вклучување во воената операција.

Pages