-
Свет 31.12.2014 10:31
Три лица починаа од студ во Бугарија
Три лица починаа во Бугарија како последица на „сибирскиот студ“ проследен со снежно невреме што последниве два дена ја зафати земјата, јавија бугарските медиуми. -
Свет 30.12.2014 20:20
Инцидент во грчки води: Брод со 700 мигранти бара помош поради вооружени лица
Нов инцидент во Јонското Море откако молдавски товарен брод во близина на Крф испратил сигнал за помош. Претходно, еден од патниците преку телефон информирал дека на бродот има вооружени лица, а дека патниците немаат вода, храна и ќебиња.
-
Свет 30.12.2014 17:32
Индонезија: Пронајдени остатоците од исчезнатиот авион
Индонезиските власти објавија дека пронајдените остатоци во Јаванското море се од исчезнатиот авион на „Ер Азија“ којшто со 162 лица се урнал во морето кај островот Јава.
-
Свет 30.12.2014 17:15
Инцидент во грчки води: Брод со 700 мигранти бара помош поради вооружени лица
Нова поморска драма во Јонско Море, јавува дописникот на МРТ од Атина. Молдавскиот товарен брод Блу Скај кој што пловел кон Риека, близу до Корфу испратил СОС сигнал дека е киднапиран од вооружени лица.
-
Свет 30.12.2014 16:31
Европа: Студеното време одзема животи
Петмина бездомници починале од студ во Франција, по студениот бран што ја зафати земјата во последните неколку дена. Меѓу починатите има и еден белгиец којшто живеел во шатор со неговата мајка.
-
Свет 30.12.2014 14:48
Снежно невреме во Бугарија
Снежно невреме ја зафати и Бугарија. Наносите, што во северозападниот дел на земјата достигнуваат до три метри, целосно го парализираа сообраќајот.
200 возила, со часови беа заробени на патот Монтана-Лом.
-
Свет 30.12.2014 14:46
Критичарот на Путин, Алексеј Навални доби 3,5 години условна казна
Три и пол години условна казна за рускиот опозиционер Алексеј Навални, под обвинение дека украл 31 милион рубљи од руската подружница на француската фирма „Ив Роше“.
-
Свет 30.12.2014 13:05
Пронајдени 40 тела на патници од исчезнатиот авион на „Ер Азија“
По три дена потрага спасувачките екипи пронајдоа четириесет тела на патници и остатоци од исчезнатиот авион на Ер Азија во близина на островот Борнео во Јаванско Море.
-
Свет 30.12.2014 10:27
Расте бројот на заболени од Ебола
Бројот на заразени со вирусот на ебола во трите најтешко засегнати земји од епидемијата надмина 20.000 лица, а досега се регистрирани и 7.842 смртни случаи, соопшти СЗО. -
Свет 29.12.2014 17:58
Продолжува потрагата по авионот на „Ер Азија“
Продолжува потрагата по исчезнатиот авион на Ер Азија. Австралија, Малезија и Сингапур распоредија авиони и бродови, паралелно патролирајќи во уште 4 локации, досега биле пребарани седум зони. Помош понуди и Кина.









