Ирачките сили за безбедност наводно влегле во најголемата рафинерија во земјата првпат откако пред неколку месеци ја зазедоа борците на Исламска Држава.
-
Свет 18.11.2014 15:21
-
Свет 18.11.2014 15:19
Авион се урна врз куќа во Чикаго
Мал товарен авион се урна врз куќа во Чикаго, кусо по полетувањето од аеродромот Мидвеј. Двајцата станари се безбедни, но нема ни трага од пилотот. Не успеал во обидот да се врати на пистата поради проблем со моторот.
Авионот паднал директно низ дневната соба кон подрумот.
-
Свет 18.11.2014 15:12
Руското ембарго им направи проблеми на овоштарите во Полска
Овоштарите во Полска протестираа за побрза реакција на владата на руското ембарго против нивните јаболка. Бараат од пазарот да се отстранат милион тони јаболка и да добијат компензација. Велат дека мерките на владата и на Европската Унија се недоволни.
-
Свет 18.11.2014 12:21
НАТО: Сериозно зајакнување на воените сили во Украина
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека има сериозно зајакнување на воените сили и од двете страни во конфликтот во источна Украина, како и на руската страна од границата, и повика Москва да ги повлече своите сили.
-
Свет 18.11.2014 12:17
Ниски температури во САД: Под нула и на Флорида
Невообичаено ниски температури ги зафатија поголемиот дел од САД. Под нулата е дури и во топлата Флорида. Се очекуваат стандардните метежи на патиштата, но најтешко е за бездомниците.
-
Свет 18.11.2014 11:41
Хонг Конг: Полицијата со судска одлука ги расчистува демонстрантските кампови
Полицијата почна да расчистува дел од демонстрантските кампови околу владините згради во Хонг Конг, по судска одлука.
-
Свет 18.11.2014 11:18
Ал Каеда објави видео снимка со пораки од двајца заложници
Северноафриканското крило на Ал Каеда објави видео снимка на којашто двајца заложници, францускиот државјанин Серж Лазаревиќ и холанѓанецот Сјак Ријке апелираат до владите на нивните земји да преговараат за нивно ослободување.
-
Свет 18.11.2014 11:15
Земјотрес во Грција
Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала синоќа ја погоди Грција, соопшти американскиот Геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
-
Свет 18.11.2014 10:27
Најмалку четворица мртви во напад на синагога во Ерусалим
Во напад на синагога во Западен Ерусалим загинаа најмалку четворица еврејски верници, а десетина се повредени откако двајца палестински напаѓачи упаднаа на молитвата наоружени со секири, ножеви и пиштоли, соопштија израелските власти.
-
Свет 18.11.2014 08:59
Кери: Светот нема да дозвoли да биде заплашуван од ИДИЛ
Американскиот државен секретар Џон Кери ја предупреди Исламска држава дека светот нема да продолжи да се плаши од неа, откако групацијата ја презеде одговорноста за егзекуцијата на Американецот Питер Касиг.










