Лекар на Обединетите нации кој се заразил со ебола во Либерија почина во клиниката во Лајпциг. Бил довезен со авион во Германија минатата недела и е третиот заболен кој се лекуваше во земјата.
-
Свет 14.10.2014 13:11
-
Свет 14.10.2014 11:11
Ким Јонг Ун се појави во јавноста по 40 дена
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појави во јавноста. Весникот „Родонг Симун“ објави повеќе фотографии на кои се гледа Ун како се потпира на бастун.
-
Свет 14.10.2014 11:09
Полицијата во Хонг Конг ги расчистува барикадите по демонстрациите
Неколку илјади полицајци учествуваат во демонтирањето на барикадите во Хонг Конг кои ги поставија продемократските демонстранти близу владините згради.
И таксистите се приклучија кон овој чин.
-
Свет 14.10.2014 10:58
Британскиот парламетн го усвои предлогот за признавање на Палестина
Со 274 гласови за и 12 против, Британскиот Парламент го усвои предлогот за признавање на државата Палестина.
Премиерот Камерон и членовите на Владата не гласаа.
-
Свет 14.10.2014 10:55
Каталонија: Откажан референдумот на 9-ти ноември, денеска нов алтернативен предлог
И покрај навестувањето дека нема да ги променат референдумските планови, Каталонската Влада го откажа спорниот референдум за независност закажан за 9-ти ноември.
-
Свет 13.10.2014 19:22
Во екот на еболата, штрајк на медицинскиот персонал во Либерија
Во екот на епидемијата на ебола во Либерија штрајкуваат медицинските сестри и асистенти. Бараат зголемување на надоместокот за лекување на заразените. Мал дел сепак се појавиле на работа.
-
Свет 13.10.2014 19:19
Турција не им дозволи на САД користење на воените бази за напади врз ИД
Турција сепак не дозволила САД и коалициските сили да ја користат нејзината воена база Инџирлик за воздушни напади против Исламската држава. Ова го соопшти турскиот премиер Давутоглу, иако претходно САД го објавија спротивното.
-
Свет 13.10.2014 16:38
По изборите во БиХ: Земјата да се врати во квалификациите за Европската лига
Изборите во Босна и Херцеговина завршија со излезност од без малку 55 проценти од избирачкото тело. Факт кој укажува дека народот е разочаран од состојбите во државата и неверува дека новите власти ќе ја подобрат состојбата во земјата.
-
Свет 13.10.2014 16:09
Жан Тирол ја доби Нобеловата награда за економија
Добитник на Нобелот за економија е францускиот професор Жан Тирол, за неговата анализа на моќта на пазарот.
„Тој е еден од највлијателните економисти на нашето време“, соопшти Комисијата за доделување на наградата
-
Свет 13.10.2014 16:00
Путин во четврток пристигнува во Белград
Рускиот претседател Путин в четврток пристигнува во Белград на воената парада за 70 години од ослободувањето на градот. Ќе допатува во државниот авион Иљушин, вреден 150 милиони евра поради декорациите од позлата, скапоцени камења, свила и кожа.










