Потсетувајќи на германското искуство, канцаларка Ангела Меркел им порача на јапонците дека е неопходно да се соочат со сопственото воено искуство, но и дека и соседните земји треба да се ангажираат околу помирувањето.
-
Свет 09.03.2015 18:07
-
Свет 09.03.2015 16:47
Првиот соларен авион тргна на пат околу светот
„Соларен импулс 2“ прави историски подвиг. Од Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати без капка гориво тргна на патешествие како прво летало на соларен погон што ќе ја обиколи Земјата. Со него во историјата ќе се запишат и пилотите, Швајцарците Андре Боршберг и Бертран Пикар.
-
Свет 09.03.2015 15:24
Падна продажбата на Мекдоналдс во САД, се зголеми во Европа
Американскиот синџир за брза храна Мекдоналдс бележи пад на продажбата во САД за 4%. Најголемиот производител на хамбургери соопштува дека продажбата најмногу се намалила во Азија, Блискиот исток и Африка-4,4%.
-
Свет 09.03.2015 15:06
Либија: Џихадистите ги погубиле чуварите на нафтеното поле
Џихадистите во Либија откако го нападнале нафтеното поле Ел Гани, ги егзикутирале осуммината чувари. Либијската војска соопшти дека џихадистите при нападот заробиле осуммина чувари и им ги отсекле главите, пренесува Фонет.
-
Свет 09.03.2015 14:19
Грчкиот план за реформи на разгледување пред Еврозоната
Грчкиот план денеска на разгледување пред Еврозоната, грчкиот министер за финансии Варуфакис зборува за референдум ако не биде прифатен.
-
Свет 09.03.2015 13:54
Робот ѝ посака добро утро на Меркел во Јапонија
Меркел во Јапонија разговараше со хуманоиден робот кој, освен добро утро, ѝ покажа како се шутира топка.
Ѝ порача дека може да стане фудбалски играч кој ќе ја предизвика германската репрезентација.
Канцеларката го следеше со насмевка и на крај му се заблагодари на роботот.
-
Свет 09.03.2015 12:53
Војските на Чад и Нигер со офанзива против Боко Харам
Откако вчера Боко Харам упати интернет порака дека се заветува на лојалност на групацијата Исламска држава, војските на Чад и Нигер почнаа офанзива против екстремистите во североисточна Нигерија.
-
Свет 09.03.2015 12:37
Автономните возила- иднина на сообраќајот
Автономни возила без возачи се технологијата што неколку години ја развиваат автомобилските и комјутерските компании во Соединетите Американски Држави.
-
Свет 09.03.2015 11:55
Авион на соларен погон тргна на пат околу светот
Авионот соларен импулс два полета од Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати на историско патешествие и ќе биде првото летало на соларен погон што ќе ја обиколи Земјата. Во историјата ќе се запишат двајца пилоти што ќе управуваат наизменично, Швајцарците Андре Боршберг и Бертран Пикар.
-
Свет 09.03.2015 09:08
ЕЦБ почнува со откуп на државни обврзници
Европската централна банка од денеска почнува со нова програма за откуп на државни обврзници во обид да добие нови средства во економиите на еврозоната.










