Заменик шериф на округот Далас е хоспитализиран како превентивна мерка затоа што ги има симптомите на ебола.
-
Свет 09.10.2014 11:02
-
Свет 09.10.2014 10:53
Јемен: 29 лица загинаа во бомбашки напад од Ал Каеда
Најмалку 29 лица загинаа по неколку координирани бомбашки напади на исламистите од редовите на Ал Каеда врз јеменските безбедносни сили.
-
Свет 09.10.2014 10:49
Коалицијата со жестоки воздушни напади против ИДИЛ
Американската војска и сојузничките земји извеле осум воздушни напади врз цели на милитантите на Исламската држава во близина на опколениот сириски град Кобане.
-
Свет 08.10.2014 20:17
Еболата ја однесе првата жртва во САД
Почина Томас Данкан, првиот и за сега единствен Американец заразен со ебола. Вирусот го добил во родната Либерија, а беше во карантин во болница во Тексас. На американските аеродроми итно се воспоставени процедури за мерење на температурата на патниците од ризичните земји.
-
Свет 08.10.2014 17:55
Тела на починати од ебола лежат на улиците на главниот град на Сиера Леоне
На улиците на главниот град на Сиера Леоне лежат телата на починатите од ебола, поради штрајкот на погребалните работници. Властите велат дека сега имаат пари за плата.
-
Свет 08.10.2014 16:20
Продолжува битката за Кобане - Курдите во Турција на нозе
Алармантна состојба во градот Кобане на сириско –турската граница. Жестоки борби меѓу џихадистите од Исламската држава и курдите. Медиумите јавуваат дека екстремистите се повлекуваат од некои квартови поради воздушните напади на коалицијата, но се уште држат под контрола поголем дел од градот.
-
Свет 08.10.2014 15:46
Припадниците на Исламската држава соборија уште еден хеликоптер во Ирак
Ирачки претставници денеска соопштија дека припадници на екстремистичката група Исламсла држава собориле ирачки воени хеликоптер во близина на рафинеријата во градот Беиџи, при што загинале двајцата пилоти.
-
Свет 08.10.2014 15:25
Двајца Американци и еден Германец добитници на Нобеловата за хемија
Американците Ерик Бетциг и Вилијам Морнер, како и германскиот државјанин со романско потекло Штефан Хел оваа година се добитници на Нобеловата награда за хемија.
-
Свет 08.10.2014 15:22
Лавров: Русија е подготвена за заеднички акции со Западот
Русија е подготвена да воспостави канали за заедничко делување со Западот, кога западните партнери ќе покажат слично разбирање, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
-
Свет 08.10.2014 10:25
Конгресот останува Републикански, дали Демократите ќе го загубат мнозинството во Сенатот?
Вирџинија е една од најбогатите американски држави, но невработеноста на младите е еден од најголемите проблеми. Затоа се повеќе Американци го поддржуваат Републиканецот Ед Геилесби, противкандидат на сенаторот Демократ од Вирџинија, Марк Ворнер.










