• Свет 18.05.2014 19:41

    Швајцарија го одби минималецот од 18 евра на час

    Швајцарските гласачи на референдум го отфрлија предлогот за минимална плата од 18 евра на час, најголема во светот. Критичарите тврдат дека тоа ќе ја намали конкурентноста и ќе ја зголеми цената на производството и невработеноста.

  • Свет 18.05.2014 19:38

    23-катница во која живееле 92 семејства се урна во Пјонгјанг

    Иако уште била во изградба, во неа живееле 92 семејства. Има многу загинати, но не се знае точно колку. Властите дури денес ја соопштија веста заедно со кусо извинување.

  • Свет 18.05.2014 19:31

    18 луѓе упасени меѓу кои и директорите на рудникот во Сома

    Турската полиција уапси 18 луѓе поради трагедијата во рудникот за јаглен во Сома. Меѓу нив се и директорите на компанијата. Апсењето на широко го емитуваат сите медиуми во земјата. Катастрофата во која загина 301 човек предизвика бран на антивладини протести низ цела Турција.

  • Свет 18.05.2014 19:26

    Локални избори во Грција

    Гласањето се смета за тест на владата на Самарас и изборите за претставници за Европскиот парламент в недела. „Го исполнуваме правото на глас. Демократски и заедно, ќе излеземе од кризата“, вели Андонис Самарас, премиер на Грција
  • Свет 17.05.2014 16:49

    Огнени торнада во Калифорнија!

    Калифорниските пожарникари се борат со повеќе од пожар – огнени торнада ја пустошат сушната земја. 125 илјади луѓе се евакуирани од околината на Сан Диего. Од деветте пожари, најопасниот се движи кон населените места Сан Маркос и Ескондидо.

  • Свет 17.05.2014 16:46

    Референдум во Швајцарија - не сакаат 25 долари од час

    Швајцарците гласаат на референдум свикан од синдикатите за минималната плата во земјата. Според излезните анкети, се очекува да ја отфрлат саатницата од 25 долари на час, највисока во светот.

  • Свет 17.05.2014 16:42

    Најмалку 43 загинати во воен судир во Либија

    Либиската нерегуларна војска, со поддршка од хеликоптери, се судри со исламистичките милиции во Бенгази. Убиени се најмалку 43 луѓе, а десетици се ранети.

  • Свет 17.05.2014 16:39

    Пад на воен авион во Лаос - загинаа неколку високи функционери

    Пет функционери, меѓу кои и министерот за одбрана на Лаос, загинаа пад на воен авион во северниот планински дел од земјата. Во леталото имало 20 патници, меѓу кои и гувернерот на провинцијата Виентијан, каде што оделе на официјална церемонија.

  • Свет 17.05.2014 16:34

    Повторно судири во Украина

    Повторно се судрија припадниците на националната коалиција и федералистите. Руските медиуми јавуваат за жестоки борби во центарот и дека е сериозно повреден најмалку еден припадник на милицијата.

    Украинските медиуми известуваат дека местото на судирите го надлетуваат авиони.

  • Свет 16.05.2014 17:52

    Балканот под вода- во тек масовна евакуација

    Балканот под вода. Во Србија и Босна и Хецеговина е во тек масовна евакуација. Одредени делови се без електрична енергија, храна и вода се доставува со чамци и хеликоптери, во прекин патниот сообраќај и мобилната мрежа. Населението e во  паника.

Pages