• Свет 02.05.2014 17:14

    Голема железничка несреќа во Сеул

    170-мина патници се повредени при судар на два воза во Сеул. поголемиот дел од повредените се хоспитализирани. Полицијата се уште ги истражува причините за несреќата, но според првичните сознанија до несреќата дошло, откако едниот воз поради дефект застанал , а на него налетал другиот воз. 

  • Свет 02.05.2014 16:54

    На истокот на Украина се отвора фронт

    На истокот на Украина се отвора фронт меѓу војската и проруските сепаратисти. Армијата која го опколи Славјанск, иако ја изведува до сега најконцентрираната акција, напредува минимално. Киев соопшти дека бунтовниците урнале два воени хеликоптери. Москва јавува за три.

  • Свет 02.05.2014 13:59

    Ескалира состoјбата во Украина

    Ескалира состoјбата во Украина. Два пилота  загинаа, голем број проруски сепаратисти се повредени во специјална воена операција која изутрината ја почна украинската војска против проруските трупи во градот Славјанск, упориште на сепаратистите.

  • Свет 02.05.2014 12:00

    Тачи- Парламентарните избори на Косово на 8 јуни?!

    Косовскиот премиер Хашим Тачи го нуди 8-ми јуни како можен датум за одржување на избори на Косово.

    - Тој синоќа соопшти дека им го предложил на политичките партии датумот 8-ми јуни за спроведување на парламентарни избори во Косово, соопшти агенцијата Танјуг.

  • Свет 01.05.2014 18:55

    Кој колку работи во Европа?

    Во Европа во момнетов две теми се најактуелни - Кој колку работи во Европа и како се справуваат оние земји во Унијата којшто најмногу беа погодени од кризата околу намалување на невработеноста.

  • Свет 01.05.2014 16:01

    Првомајски протести низ светот!

    Десетици илјади луѓе излегоа денеска на улици во градови ширум светот за да го одбележат со протести Меѓународниот празник на трудот, а во Истанбул полицијата употреби водени топови и силзавец за да растера демонстранти.
     
  • Свет 01.05.2014 12:24

    Јацењук: Украина има потреба од акција и од резултати

    Премиерот на Украина, Арсениј Јаценњук, предупреди дека во блиска иднина може да има промени во Владата, доколку не се исполнат желбите и потребите на народот.

  • Свет 01.05.2014 09:46

    Меркел исклучува воено решение за спорот околу Украина

    Германскиот канцелар Ангела Меркел отфрли синоќа можност од воено решение во спорот со Русија за Украина и додаде дека излез ќе се бара со дипломатско решавање на кризата.
     
    Меркел рече дека не треба да се заборават лекциите од двете светски војни во 20 век.
  • Свет 30.04.2014 20:39

    Состојбата во Укрaина се заострува

    Во Источна Укрaина падна уште еден град во рацете на сепаратистите - Луганск. 

    „Зградата што ја зазедовме, не не интересира, но ние сакаме да имаме наши регионални пратеници и наша власт“, вели еден демонстрант.

  • Свет 30.04.2014 16:49

    Експлозија на железничка во Кина

    Има повредени во експлозијата што се случи изутрината на железничката станица во Урумки, главен град на западната кинеска провинција Џинџијанг, јавува државната кинеска новинска агенција Хсинхуа. Повредените се згрижени во најблиската болница.

Pages