• Свет 05.04.2014 16:25

    Затворени избирачките места во Авганистан

    Во Авганистан се затворија гласачките места по 10 часа масовно гласање и покрај заканите.

    10 проценти беа затворени предвреме поради повремени насилства, но имаше голем одзив на жените.

  • Свет 05.04.2014 15:31

    ЕУ бара разговор со Русија, но и подготвува нови санкции

    Европската унија ќе ги продолжи разговорите со Русија со цел смирување на украинската криза, но подготвена е за воведување нови санкции доколку дојде до ескалација, порачаа шефовите на дипломатиите на земјите - членки на ЕУ по средбата во Атина.
     
  • Свет 05.04.2014 11:01

    Претседателски и локални избори денеска во Авганистан

    Околу 12 милиони жители на Авганистан со право на глас, денеска ќе избираат нов претседател на државата меѓу 11 предложени кандидати, јави ДПА.
     
  • Свет 04.04.2014 13:01

    Убиена Ања Нидрингхаус најпознатата фоторепортерка на светот

    Фоторепортерката на Асошиејтед прес, Ања Нидрингхаус, денеска е убиена во престрелка во Авганистан, а нејзината колешка Кети Ганон е тешко ранета.
    Ганон е тешко ранета и моментално се наоѓа во болница, а Ања починала на лице место. Потврдено е дека напаѓачот бил полицаец.
  • Свет 04.04.2014 11:07

    Полицијата во Венецуела ги спречи студентите да маршираат

    Полицијата во Венецуела со водни топови, солзавец и гумени куршуми спречи стотици студенти да излезат од универзитетот и да маршираат низ главниот град. Студентите сакале да маршираат против невработеноста и економската криза.

  • Свет 04.04.2014 11:03

    Нов земјотрес го потресе Чиле

    Нов земјотрес од 6,1 рихтери го потресе северот на Чиле. По потресот од 8,2 степени што се случи пред два дена, жителите спијат на отворено и се соочуваат со недостаток на продукти. Во најзагрозените области е распоредена војска за да се спречат кражби.

  • Свет 04.04.2014 10:48

    Авганистан пред претседателски избори

    Во Авганистан е во тек голема безбедносна операција пред претседателските избори утре. Новиот претседател ќе го наследи Карзаи, кој е на власт од падот на Талибанците во 2001, и ќе владее по повлекувањето на НАТО кон крајот на годинава

  • Свет 04.04.2014 10:46

    Уапсени 25 Украинци за планирање на терористички напад

    Руската безбедносна служба уапсила 25 Украинци за планирање на терористички напад за време на референдумот на Крим. Според ФСБ, уапсените биле членови на ултранационалистички движења и планирале акции во Русија. Украинската безбедносна служба остро негираше дека таа наредила такви напади.

  • Свет 04.04.2014 10:44

    Криза во грчката влада

    Криза во грчката влада предизвика Златна зора. Главната опозициска партија Сириза ја обвини власта на Самарас дека сака да и ги собере гласовите на крајната десница.

  • Свет 03.04.2014 15:43

    ЕУ го укина роамингот

    Европскиот парламент ја усвои одлуката за укинување на роамингот и создавање на единствен телекомуникациски пазар во рамките на Европската унија, која треба да стапи во сила од декември 2015 .

Pages