Рускиот министер за надворешни работи Лавров рече дека Русија планира да испрати уште еден хуманитарен конвој во источна Украина во наредните неколку дена. Лавров додаде и дека хуманитарната состојба таму се влошува.
-
Свет 25.08.2014 13:41
-
Свет 25.08.2014 13:16
Француската влада поднесе оставка
Оставката на француската влада доаѓа непосредно по сериозните критики кои беа израечени од министерот за Економија Арно Монтебург и образование Беноа Хамон во однос на економската политика која ја спроведува француската влада.
-
Свет 25.08.2014 12:46
Најмалку 10 загинати и над сто повредени во стампедо во Индија
Најмалку десет лица, од кои пет мажи и пет жени загинаа изутрината во стампедо во хинду храмот Камнтанат Пахад во индиската држава Мадја Прадеш. Властите соопштија дека има над сто повредени, дел од нив се со сериозни повреди. Очевидците велат дека сликата била стравотна.
-
Свет 25.08.2014 12:07
Швајцарија - Се судрија два туристички авиони
На истокот од Швајцарија се судриле два туристички авиони при што шест лица биле потешко повредени. Пожарникарите, итна помош и спасувачки тимови се на местото на несреќата.
-
Свет 25.08.2014 11:37
Израел продолжува со воздушните напади - бројот на загинати Палестинци се искачи на 2122 лица
Двајца Палестинци се убиени во најновите израелски воздушни напади врз Газа, во текот на изминатата ноќа. Соопштуваат дека бројот на убиени Палестинци од почетокот на војната на 8 јули, се искачил на 2 122 лица.
-
Свет 25.08.2014 11:33
Првиот Британец заболен од ебола пристигна во Лондон
Првиот Британец заразен со вирусот на ебола со специјален транспорт пристигна од Сиера Леоне во Велика Британија на лекување во посебна изолациска комора во болница во Лондон.
-
Свет 24.08.2014 17:40
Куче изберено за градоначалник во САД
Новиот градоначалник на Карморант во американската сојузна држава Минесота е 7-годишно куче. Се вика Дјук и ги добил изборите со повеќе гласови од неговите против кандидати.
„Ме следи насекаде. Гласав за него“, изјави Дејвид Рик, сопственик на Дјук.
-
Свет 24.08.2014 17:21
Експертите за растечкиот неонацизам во Европа
Кога Америка преку борците за човекови права и Стејт депарментот го пали црвено светло за проблемот со неонацизмот во Европа тогаш е јасно, смета новинарот Ивановски, чијшто фах е надворешната политика, дека на стариот континент нешто сериозно се случува.
-
Свет 24.08.2014 16:45
Животот во завојуваниот Доњецк
Стравот од постојаните напади го принудил ова многу члено семејство да живее под ист покрив. Меѓутоа, имаат различни ставови за кризата што е закана за поделби. Александар Кобзев, свештеник и таксист, ја брани владата во Киев, којашто во моментот го бомбардира градот.
-
Свет 24.08.2014 16:31
Израелските авиони го бомбардираа западниот дел на Појасот Газа
Во израелски напад врз Појасот Газа биле убиени најмалку двајца Палестинци, а петмина биле повредени. Претставници на палестинските спасувачки екипи соопштуваат дека израелските авиони изутрината го бомбардирале западниот дел на Појасот Газа.










