САД и светот го прославија Хелоувин, или Денот на вештерките, кој традиционално се одбележува секоја година. Маскирани во вештерки и духови, облечени во страшни костуми и ликови од научно фантастичните филмови, луѓето ширум светот се забавуваа и уживаа.
Американскиот претседател Барак Обама денеска призна дека сајтот за пријавување за добивање здравствено осигурување не работи добро, но изрази уверување дека техничките проблеми ќе бидат надминати до крајот на ноември, кога целиот систем треба да биде целосно функционален.
Преминувањето од летно на зимско часовно време води до се почести сообраќајки на патиштата во двете седмици по враќањето на стрелките на часовниците, се вели во статистика на осигурителна компанија во Британска Колумбија во Канада.