-
Свет 31.03.2014 19:06
Француската влада поднесе оставка
Од седиштето на француската влада – Матињон, беше соопштена оставката на премиерот Жан-Марк Ејро и на неговата влада, јавува дописникот на МРТ од Париз. Како можен наследник на Жан-Марк Ејро се споменува името на министерот за внатрешни работи Мануел Валс. -
Свет 31.03.2014 17:13
Јужна и Северна Кореја разменија оган
Поморските сили на Северна и на Јужна Кореја разменија оган преку спорната морска граница.
-
Свет 31.03.2014 15:14
Русија ја повлекува војската од украинската граница
Русија постепено ја повлекува војската од украинската граница, соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана Олексиј Димитрашкивски. Тој навести дека тоа е поврзано со вчерашните преговори Лавров-Кери во Париз.
-
Свет 31.03.2014 14:18
Париз ја доби првата градоначалничка во историјата
Ан Идалго е првата градоначалничка на Париз во кој живеат 2,2 милиони граѓани.
-
Свет 31.03.2014 12:32
Штрајкуваат морнарите и пристанишните работници во Грција
Бродовите во Грција денеска ќе останат во пристаништата заради 48-часовниот штрајк на морнарите и вработените во пристаништата против нацрт-закон на Владата, со кој се предвидени намалувања на работните места и намалување на правата на работниците во тој сектор.
-
Свет 31.03.2014 12:30
Медведев пристигна на Крим
Рускиот премиер Димитри Медведев денеска пристигна на Крим. Тој на твитер напиша дека денеска во Симферопол владата ќе разговара за идниот развој на Крим.
Тоа е највисок руски државник кој престојува на Крим по руската анексија од Украина.
-
Свет 31.03.2014 12:21
Жена со марама за прв пат градоначалник во Турција
Во Турција по првпат жена со шамија стана градоначалник. Фатма Тору од Коња, била избрана за градоначалник во централна Турција.
Таа беше кандидат на владејачката „Партија на правдата и развојот“ јави Си-Ен-Ен Турк.
-
Свет 31.03.2014 10:43
Кери и Лавров без договор за Украина
На одделни прес конференции по средбата во Париз, шефовите на дипломатиите на Русија и на САД, Лавров и Кери, изразија суштинско несогласување во врска со украинската криза. Сепак дијалогот продолжува.
-
Свет 31.03.2014 09:27
Ердоган им се заканува на противниците
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, откако прогласи победа на неговата Партија на правдата и развојот на локалните избори, им се заканува на противниците.
-
Свет 30.03.2014 18:15
Француската десница очекува победа при вториот круг од локланите избори
Од осум часот изутринава, французите се повикани да гласаат за вториот круг на локалните избори.









