Европската унија ги одложува тарифите што ги најави како контрамерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ.
-
Свет 21.03.2025 08:40
-
Свет 21.03.2025 07:52
Голем пожар во Лондон, аеродромот Хитроу затворен поради прекин на струја
Голем пожар изби во трафостаница во Лондон. Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија. Половина од трансформаторите сè уште горат. Поради прекин во електричната мрежа, британскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен.
-
Свет 20.03.2025 19:14
Белград: Граѓани чекаат во редици да даруваат крв за повредените во пожарот во Кочани
Голем број граѓани се одзваа на повикот, меѓу другото, на студентите на социјалните мрежи за доброволно дарување крв за лекување на пациентите од Северна Македонија. Голем број граѓани пристигнуваат во Заводот за трансфузија во Белград. Од 7 часот утрово чекаат ред.
-
Свет 19.03.2025 12:29
Српското собрание ја потврди оставката на Вучевиќ
Падна српската влада. На седница на Собранието констатирана оставката на премиерот Вучевиќ кој самиот ја поднесе во крајот на јануари по падот на натстрешницата во Нови Сад.
-
Свет 19.03.2025 09:33
Уапсен градоначалникот на Турција поради корупција
Градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу е уапсен поради корупција – соопштија турските власти.
-
Свет 19.03.2025 08:54
Европа мора да ги зајакне европските капацитети
Во услови на војна во Украина и зголемени геополитички тензии, Европа мора да ги зајакне своите воени капацитети за да избегне можни војни – истакна шефицата на Европската комисија.
-
Свет 19.03.2025 08:52
Нетанјаху: Преговори со Хамас само под оган
Преговорите за обновување на примирјето во Газа ќе се одвиваат само под оган-дециден израелскиот премиер. Ги повика цивилите во енклавата да се преместат во побезбедни области по смртоносните напади за кои тврди дека биле насочени кон терористите.
-
Свет 19.03.2025 08:50
Путин ги паузира нападите врз енергетските објекти
Рускиот претседател согласен да ги паузира нападите врз енергетската инфраструктура во Украина, но не и да прифати целосен прекин на огнот-став на Путин по телефонскиот разговор со Трамп.
-
Свет 18.03.2025 19:14
Заврши телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин
По час и половина заврши телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин. Сè уште нема информации за тоа што разговарале претседателите на САД и Русија, иако ставот на Белата куќа од претходно е познат – да се стави крај на тригодишната војна во Украина.
-
Свет 18.03.2025 14:24
Разговорите за крај на војната во Украина се приближуваат до најважната фаза
Нов обид да се стави крај на тригодишната војна во Украина. Телефонски разговор на Трамп и Путин. Мировниот договор – главна тема, разговорите се приближуваат до најважната фаза – пренесуваат руските медиуми.










