Видлив чад над Газа изутрината, додека Израел продолжи со обновената офанзива на територијата. Израелските сили напредуваа подлабоко во Појасот Газа и ја разнесоа единствената специјализирана болница за рак на територијата зафатена од војна.
-
Свет 22.03.2025 11:38
-
Свет 22.03.2025 10:02
Почина боксерската легенда Џорџ Форман
Почина боксерот Џорџ Форман, поранешен светски првак во тешка категорија. Џорџ Форман беше еден од најголемите во боксот и се сметаше за непобедлив до октомври 1974 година кога во Киншаса загуби од Мохамед Али.
-
Свет 22.03.2025 09:09
Трамп: Многу брзо очекувам целосно примирје во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека набрзо очекува да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина, по што ќе следи договор за поделба на украинската територија меѓу Москва и Киев.
-
Свет 21.03.2025 13:16
Во Војводина почина момче кој беше тешко повреден по падот на настрешницата во Нови Сад
Осумнаесетгодишен тинејџер од Змајево, Војводина, кој беше тешко повреден при уривање на натстрешницата во Нови Сад на 1 ноември, починал утрово на Воено-медицинската академија (ВМА).
-
Свет 21.03.2025 11:38
Локализиран пожарот во трафостаницата во Лондон
Аеродромот Хитроу во Лондон-еден од најпрометните центри во светот, е затворен поради прекини во електричната мрежа по голем пожар што изби во блиската трафостаница. Противпожарната бригада соопшти дека огнот е ставен под контрола, но авионите нема да сообраќаат.
-
Свет 21.03.2025 09:20
В четврток нов самит во Париз
Москва и Киев со жестоки борби на фронтот додека и двете страни го потврдија продолжувањето на мировните разговори со делегациите на САД в понеделник во Саудиска Арабија. Во истовреме, европските лидери во Брисел одново не успеаја да постигнат консензус околу предлог-заклучоците за Украина.
-
Свет 21.03.2025 08:51
Илјадници луѓе протестираат во Истанбул поради апсењето на градоначалникот
Десетици илјади луѓе на протести по апсењето на градоначалникот на Истанбул Екрем Имамоглу кој е еден од 106-те лица приведени по обвиненија за корупција и помагање на терористички групи – потег кој предизвика огромно незадоволство во Истанбул и главниот град Анкара.
-
Свет 21.03.2025 08:49
Светот и регионот им оддадоа почит на загинатите
Обединети во болката на македонскиот народ, светот и регионот им оддаде почит на загинатите во пожарот во Кочани. Националната галерија и плоштадот во Мелбурн беа осветлени во боите на македонското знаме.
-
Свет 21.03.2025 08:40
ЕУ ги одложи контрамерките на американските царини за увоз на челик и алуминиум
Европската унија ги одложува тарифите што ги најави како контрамерки на американското воведување царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ.
-
Свет 21.03.2025 07:52
Голем пожар во Лондон, аеродромот Хитроу затворен поради прекин на струја
Голем пожар изби во трафостаница во Лондон. Десет противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со огнената стихија. Половина од трансформаторите сè уште горат. Поради прекин во електричната мрежа, британскиот аеродром Хитроу денеска ќе биде затворен.










