По 155 дена преговори, најдолги во историјата на земјата, Австрија доби нова трипартитна Влада, составена од Австриската народна партија, Социјалдемократската партија на Австрија и Неос.
-
Свет 03.03.2025 19:02
-
Свет 03.03.2025 14:19
Најмалку едно лице загина откако автомобил се забил во толпа пешаци во Манхајм
Најмалку едно лице загина откако автомобил управувано од засега непознато лице се забил во толпа пешаци во центарот на германскиот град Манхајм. Според очевидци, осомничениот возел црн џип и со голема брзина намерно удрил во толпата.
-
Свет 03.03.2025 12:35
Продолжува воената поддршка за Киев
Обединетото Кралство, Франција и сојузниците ќе работат на план за ставање крај на конфликтот во Украина, кој потоа ќе им биде претставен на Соединетите Држави. На самитот во Лондон е договорено продолжување на воената помош за Киев и економски притисок врз Русија.
-
Свет 03.03.2025 10:32
Утре стапуваат во сила американските царини за увозот од Кина
Утре стапуваат во сила американските царини за увозот од Кина од 10 на 20 насто, што веќе предизвика нови тензии во глобалната трговска политика. Кинескиот претседател Си Џинпинг, предупреди дека ќе се спротивстави со контрамерки.
-
Свет 03.03.2025 09:34
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран
Земјотрес со јачина од 5,2 степен по Рихтер, го погоди денес југозападниот дел на Иран, јави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Потресот се случил на длабочина од 10 километри, додава EMSC.
-
Свет 03.03.2025 09:25
Израел размислува за продолжување на војната во Газа со ново американско оружје
Израел планира постепено да го зголемува притисокот врз Хамас за да го прифати новиот предлог за продолжување на првата фаза од договорот за прекин на огнот и да обезбеди ослободување на сите заложници, покрај вчерашното запирање на хуманитарната помош.
-
Свет 03.03.2025 08:51
Франција и Британија работат на мировен план за Украина
Секој договор за траен мир треба да го обезбеди суверенитетот и безбедноста на Украина, заклучија европските и светските претставници на самитот во Лондон. Во план од четири точки се потенцира дека помошта за Киев продолжува, ќе се зголемува економскиот притисок врз Русија.
-
Свет 03.03.2025 08:19
„Анора“ апсолутен победник на Оскарите
Во театарот „Долби“ во Лос Анџелес се одржа 97-то издание на доделувањето на филмските награди оскар.
-
Свет 02.03.2025 19:31
Нов мировен план на Британија и Франција
Од самитот за поддршка на Украина во Лондон, најава за нов мировен план на којшто работат Британија и Франција. Документот потоа ќе им биде претставен на САД.
-
Свет 02.03.2025 17:15
Европски мировен план за Украина
Од самитот за поддршка на Украина во Лондон, најава за нов мировен план на којшто работат Британија и Франција. Документот потоа ќе им биде претставен на САД.










