Претседателот на Бразил го осуди Трамп поради заканата за воведување царини за бразилски производи.
Шефот на Белата Куќа вели дека царините се казна за судските постапки против поранешниот бразилски претседател Болсонаро.

Европската Унија го одобри 18-тиот пакет санкции против Русија во кој се таргетирани финансискиот и енергетскиот сектор, вклучено и ограничување на цените за извоз на руска нафта.
Советот за безбедност на Обединетите нации изрази загриженост за неодамнешните израелски напади во Сирија и жестоките судири меѓу сириските владини сили и милициите од малцинството Друзи.
Белата куќа објави дека претседателот Трамп бил прегледан поради оток во нозете и дека му е дијагностицирана хронична венска инсуфициенција. Портпаролката Каролин Ливит сподели белешка од лекарката на Трамп во која детално е опишан прегледот.
Соединетите Американски Држави не ги поддржаа неодамнешните израелски напади во Сирија.
Русија ги предупреди земјите што обезбедуваат ракети со долг дострел за Украина, дека ќе се соочат со последици.
Блискиот Исток како буре барут. Конфликтот меѓу верската малцинска група Друзи и армијата во Сирија ги зголеми стравувањата од ново жариште. САД велат дека е договорен крај на насилствата откако Израел вчера го нападна Дамаск, а цел на нападите беше зградата на министерството за одбрана.
Европската комисија презентираше план за Буџетот на Европската унија од два трилиони евра во следните седум години. Шефицата Фон Дер Лајен уверува дека Брисел мора да инвестира повеќе во капацитетите за одговор и во независноста.
Украинскиот министер за надворешни работи Сибиха вели дека Украина е подготвена за понатамошни мировни преговори со Русија, но не предложи конкретен датум.