Претседателот Вучиќ рано утринава соопшти дека САД го уважиле барањето на Србија за одлагање на санкции за Нафтената индустрија на Србија за 30 дена, кои утринава требаа да стапат на сила.
-
Свет 27.02.2025 14:38
-
Свет 27.02.2025 14:26
За утре најавен генерален штрајк во Грција
За утре во Грција е најавен генерален штрајк на двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која при судир на патнички и товарен воза загинаа 57 лица. Низ земјата се закажани речиси 350 протести.
За безбедноста на демонстрациите се ангажирани 5.000 полицајци.
-
Свет 27.02.2025 12:49
Легендарниот американски актер Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви
Ридот над Санта Фе, каде што е резиденцијата на актерот којшто остави траен белег во светската кинематографија, беше последниот сведок на заминувањето на Хекман од сцената. Во пресрет на 97-то доделување на Оскарите закажано за в недела, пронајдени се телата на Хекман и на сопругата.
-
Свет 27.02.2025 11:43
Дводневен штрајк на работниците на аеродромот во Минхен
Дводневен предупредувачки штрајк на работниците на аеродромот во Минхен, организиран од синдикатот „Верди“ поради спорот за платите во јавниот сектор.
-
Свет 27.02.2025 10:05
Зеленски: Потребни се безбедносни гаранции
Украина може да заборави на влезот во НАТО, изјави Трамп кој се подготвува за посетата на неговиот украински колега Зеленски во Вашингтон. Тој најави дека на средбата треба да биде потпишан договорот за ретки минерали што тесно ќе ги поврзе двете земји во наредните години.
-
Свет 27.02.2025 09:59
Актерот Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви
Оскаровецот Џин Хекман и неговата сопруга Бетси Аракава се пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико во САД. Во тек е истрага, но, според првичните информации нивната смрт не била насилна.
-
Свет 27.02.2025 09:30
Зеленски пред заминување во Вашингтон инсистира на безбедносни гаранции за Киев
Украина може да заборави на влезот во НАТО, изјави Трамп додека се подготвува за утрешната средба со неговиот украински колега Зеленски во Вашингтон на која треба да биде потпишан договорот за ретки минерали.
-
Свет 27.02.2025 09:16
Прв состанок на кабинетот на Трамп
Прв состанок на кабинетот на американскиот претседател Трамп. Потврдени цврстите политики на Вашингтон за продолжување на царините за Канада и Мексико кои треба да стапат во сила на 2-ри април, но и воведувањето на 25 насто царини за ЕУ.
-
Свет 27.02.2025 09:06
Вучиќ: Пресудата за претседателот на Република Српска е насочена и против целиот српски народ
По состанокот на Советот за безбедност во Белград, Српскиот претседател Вучиќ пристигна во Бања Лука откако неговиот колега, Додик, беше прогласен за виновен од судот во БиХ. Вучиќ истакна дека пресудата е првенствено насочена кон Република Српска, но и против целиот српски народ.
-
Свет 26.02.2025 20:21
Училиштата во Газа повторно отворени
По 16 месеци војна, училиштата во Газа повторно отворени. Наставата ќе се одвива во реновиранитe згради или во алтернативните центри за учење









