Израелската влада го одложи состанокот за потврдување на договорот со Хамас за прекин на огнот. Средбата на кабинетот на Нетанјаху најверојатно ќе се одржи в сабота.
-
Свет 17.01.2025 08:18
-
Свет 16.01.2025 20:42
СЗО бара 1,5 милијарди долари за справување со глобалната здравствена криза без преседан
Светската здравствена организација (СЗО) денеска побара 1,5 милијарди долари за итни операции во 2025 година.
СЗО предупредува дека конфликтите, климатските промени, епидемиите и раселувањето заедно создадоа „глобална здравствена криза без преседан“.
-
Свет 16.01.2025 20:32
Папата паднал во својата резиденција и се повредил
Папата Франциск ја повреди десната надлактица при пад во својата резиденција, но немаше скршеница, соопшти денеска Ватикан.
Во соопштението се додава дека папата се здобил со контузија на раката, која била имобилизирана како мерка на претпазливост, пренесе Ројтерс.
-
Свет 16.01.2025 19:31
Стармер пристигна во Украина на разговори со Зеленски
Британскиот премиер Кир Стармер денеска пристигна во Украина со ветување дека ќе помогне во обезбедувањето на безбедноста на земјата цел век.
-
Свет 16.01.2025 18:45
Студентка во Белград тешко повредена при удар од автомобил, возачот е приведен
За време на комеморацијата за жртвите од уривањето на настрешницата на улицата „Рузвелтова“ во Белград, девојче е повредено кога возач на автомобил ја удри на тротоар и ја носеше на покривот од возилото, по што таа падна на тротоарот. Возачот побегна од местото на настанот.
-
Свет 16.01.2025 18:17
Уапсен студент во Сплит, најавил вооружен напад врз колегите и професорите
Полицијата во Сплит вчеравечер уапсила 19-годишен студент на Филозофскиот факултет кој најавил вооружен напад врз неговите студентски колеги, професорите и целиот факултетски кадар.
-
Свет 16.01.2025 17:00
Проштален говор на Џозеф Бајден
Растечката олигархија може да ги загрози демократијата и основните вредности во САД, предупреди американскиот претседател во заминување, Џо Бајден во своето последно обраќање од Белата куќа.
-
Свет 16.01.2025 16:33
Неизвесно во кој правец ќе се одвива дијалогот со новата бугарска Влада
Росен Жељазков е нов премиер на Бугарија. За Владата гласаа 125 пратеници, „против“ 114, немаше воздржани. Пратениците во Народното собрание го избраа и составот на кабинетот на Жељазков со истото мнозинство.
-
Свет 16.01.2025 14:35
Неизвесен договорот за прекин на огнот
Владата во Тел Авив го одложи гласањето за одобрување на договорот за прекин на огнот во Газа. Го обвини Хамас дека во последен момент менува услови, откажувајќи сè од некои делови од договорот за заложници.
-
Свет 16.01.2025 12:45
Бугарскиот Парламент ја избра новата Влада на чело со Жељазков
Росен Жељазков е нов премиер на Бугарија. За Владата гласаа 125 пратеници, „против“ 114, немаше воздржани. Пратениците во Народното собрание го избраа и составот на кабинетот на Жељазков со истото мнозинство.










