Небото над палестинската енклава тивко за првпат по 15 месеци. Измешани чувства и во Израел и во Газа. Три Израелки на возраст од 24, 28 и 31 година се ослободени од заробеништво на Хамас, што го означи првиот чекор во договорот за прекин на огнот.
-
Свет 20.01.2025 09:33
-
Свет 20.01.2025 08:51
Пожар во дом за стари лица во Србија, најмалку шест лица загинаа
Шест лица загинаа, а неколку се повредени во пожар што утринава околу 4 часот и 30 минути избувна во дом за стари лица во Велики Борак, во белградската општина Бараево. Пожарот е изгаснат, а во гаснењето учествувале голем број пожарникари и противпожарни возила.
-
Свет 20.01.2025 08:45
По 15 месеци минати во заробеништво во Хамас, ослободени 3 заложнички
28-годишната Емили Дамари, 24-годишната Роми Гонен и 31-годишната Дорон Штајнбрехер се ослободени по 15 месеци минати во заробеништво на Хамас. Младите жени се вратија во Израел и се со своите семејства.
-
Свет 20.01.2025 08:38
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
Првата пленарна сесија на Европскиот парламент оваа година започнува денеска и ќе трае до четврток во Стразбур, при што европратениците ќе разговараат за програмата на шестмесечното полско претседавање со Советот на ЕУ и ќе коментираат голем број прашања од надворешната политика вклучувајќи го и
-
Свет 20.01.2025 08:17
Инаугурација на Доналд Трамп за 47. претседател на САД
Под засилени безбедносни мерки, денеска ќе биде инаугуриран Доналд Трамп како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави. Поради очекуваните ниски температури и силни ветрови, церемонијата ќе се одржи внатре во Капитол во Вашингтон.
-
Свет 19.01.2025 20:06
Грчките земјоделци се заканија дека ќе блокираат патишта кон Македонија
Грчките земјоделци се закануваат со блокади на патиштата, што може да предизвика проблем и за патниците и возачите од Македонија и од Бугарија.
-
Свет 19.01.2025 19:34
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава
Независниот синдикат на наставниците на Србија соопшти дека утре прекин на наставата ќе има во повеќе од 35 отсто од училиштата во земјата.
-
Свет 19.01.2025 19:00
Украина собори 43 руски дронови во девет нејзини региони
Украинската воздушна одбрана собори 43 од вкупно 61 дрон лансирани од Русија за време на синоќешните напади насочени кон девет региони на Украина, соопшти украинското воздухопловство.
-
Свет 19.01.2025 17:03
Нигерија е нова земја партнер на алијансата БРИКС
Нигерија е примена како „земја партнер“ во алијансата БРИКС, објави бразилската влада, која во моментов претседава со алијансата.
БРИКС е основан во 2009 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а Јужна Африка се приклучи во 2010 година.
-
Свет 19.01.2025 15:21
По неколку часа одложување, конвојот хуманитарна помош се упати кон Газа
По неколку часа одложување, конвојот хуманитарна помош, амбулантни возила, десетици здравствени работници и персонал на „Црвената полумесечина“, преку граничниот премин Рафа се упатија кон енклавата.










