• Свет 16.11.2024 12:29

    Голема трагедија во неонатална болница во Индија, 10 бебиња загинале

    Пожар ја зафати единицата за неонатална интензивна нега во болница во северна Индија, при што загинаа 10 новородени бебиња, а 16 биле повредени. Пожарот брзо се проширил низ одделението, каде биле згрижени 55 доенчиња. Четириесет и пет се спасени и добиваат медицинска помош.

  • Свет 16.11.2024 12:26

    Голема експлозија во Бејрут

    Густ чад се крена над Бејрут по големата експлозија во градот. Привремениот либански премиер побара од Иран да помогне да се обезбеди прекин на огнот во војната меѓу Израел и Хезболах.

  • Свет 16.11.2024 12:24

    Зеленски: Војната да се реши по дипломатски пат

    Претседателот Зеленски со став дека Украина треба да стори сè што е можно за да ја заврши војната со Русија следната година преку дипломатски пат. Додаде и дека рускиот претседател Путин не е заинтересиран за преговори за мировен договор.

  • Свет 16.11.2024 10:52

    Самит на АПЕК, Бајден предупреди на големи промени

    Доаѓа време на големи политички промени – предупреди американскиот претседател во заминување, Џо Бајден на самитот на АПЕК во Лима.

  • Свет 16.11.2024 10:05

    ЕУ ќе бара одговори од Кина во врска со испорачаните беспилотни летала на Русија

    Европската унија ќе бара одговори од Пекинг поради извештаите дека кинеска компанија произведува беспилотни летала користени во војната на Русија против Украина.

  • Свет 16.11.2024 09:27

    Шолц и Путин разговарале по телефон за прв пат по две години

    Телефонскиот разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и германскиот канцелар Олаф Шолц покажува политичка волја да се дознае ставот на Москва, а повикот е реализиран на иницијатива на Германија, тврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

  • Свет 15.11.2024 22:05

    Брод полн со патници удри во гребен во Хрватска

    Бродот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.

    Како што пренесуваат хрватските медиуми, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.

  • Свет 15.11.2024 12:30

    Уапсен хрватскиот министер за здравство

    Полициска акција за корупција на највисоко ниво во Хрватска. Уапсен министерот за здравство, вили Берош, и уште неколку лекари под обвинение за финансиски малверзации. Од хрватското Обвинителство велат осомничените одобриле набавка на микроскопи за неврохирургија, кои биле натплатени.

  • Свет 15.11.2024 12:27

    Почит за 14-те загинати при падот на настрешницата во Нови Сад

    Денеска во 11 часот и 52 минути во нови сад им се оддаде почит на загинатите при падот на настрешницата.

    14 дена откако се урна настрешницата на новореконструираната железничка станица и однесе 14 животи. Тројца тешко повредени сè уште се борат за живот.

  • Свет 15.11.2024 12:25

    Илјадници украинци без греење по руски напад во Одеса

    Во најновиот рускиот напад врз Одеса запалени станови и уништено греењето за илјадници луѓе.

    Државната служба за вонредни состојби соопшти дека избувнале пожари на шест различни локации, кои биле „брзо“ изгаснати од пожарникарите.

Pages